Кај јахтите има две основни правила: првото е, најдобро е да имаш другар што има јахта; второто е, ако треба да прашаш колку е трошокот за одржување јахта, тогаш јахта не е за тебе.
Финска има ем долга поморска граница, ем долга граница со Русија, два фактори заради кои често пати на нејзините пристаништа знаат да се појават повеќе сомнителни јахти. Сега тоа веќе е проблем.