Делот околу кој јавноста не е баш најдобро образована е од колку пари точно почнува „јахта“ па терминот знае да опфати поопширен опсег на бродови, кои освен што можат да пловат на вода речиси и да немаат ништо друго заедничко. Затоа пак, терминот „јахта на олигарх“ е веќе многу појасен и во однос на големина и во однос на потрошени пари.
Продажбата на јахти (тука зборуваме за прескапите) обично ја прават поранешни капетани на бродови, кои вообичаено работат за 3% од цената. Главни продажни центри се Монако, Њујорк, Сиднеј, Дубаи, Лондон и Хонгконг.
Моментално има околу 100 јахти подолги од 300 стапки (90 метри) од кои се проценува дека околу 18 имаат руски сопственици.
Правилото за одредување трошоци е дека годишните оперативни трошоци на јахтата се околу 10% од нејзината оригинална цена. На пример, вкотвувањето на 105-метарска јахта знае да чини околу 29.000 долари неделно (над 750.000 долари годишно), а патување од медитеранска зима до карипско лето ќе чини околу 300.000 долари само за гориво.
Платите на екипажот на хипотетички 90 метарски брод се околу 3 милиони долари, од кои само за капетанот одат 300.000 долари, а можно е да има два капетана кои работат во 2-месечни смени. За брод со оваа големина потребен е екипаж од околу 30 до 40 членови, на кои за време на служба покриени им се сите трошоци.
Изградбата на нови јахти главно е во држави како Холандија и Германија и трае со години, а најголемиот дел од парите одат за трупот на бродот, моторот и опремата за машинското одделение, палубата и фарбањето.
Внатрешниот дизајн и опремување на јахтата го прави посебен дизајнер, чиј ангажман чини околу 4 милиони долари. Грубо, цените на некои од желбите се:
- Диско на бродот е меѓу 1,5 и 2,5 милиони долари.
- Кино-сала е 2 милиона долари.
- Вежбална, 1 до 1,5 милион долари.
- Безбедна соба, сосе доктори, 2 до 3 милиони долари.
Не е реткост во јахтата да биде обесена и некоја уметничка слика со спектакуларна цена, како што беше случајот со 450 милиони долари вредната „Салвадор Мунди“ на Леонардо да Винчи, која висеше на јахтата на саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Во зависност од нарачката, секоја јахта има и дополнителни чамци и бродови. Од чамец на надувување од 80.000 долари за потребите на екипажот, до „лимузина“ помошен чамец од 2 милиона долари за сопствениците на бродот да можат да се истоварат на копно без да им мрдне влакно.
Пример, 500 милиони долари вредната јахта на Џеф Безос од 127 метри, има помошна јахта од 60 милиони долари долга 75 метри.
Од играчки, јахтата може да носи луксузни автомобили за возакање по копно, хеликоптер со цена од околу 3 милиони долари или персонална подморница која чини меѓу 2,5 и 4 милиони долари. Скутери за на вода и слична бижутерија не се ни земаат предвид во овие пресметки.