Финска заплени 21 јахта за не дај Боже

Финска има ем долга поморска граница, ем долга граница со Русија, два фактори заради кои често пати на нејзините пристаништа знаат да се појават повеќе сомнителни јахти. Сега тоа веќе е проблем.

Властите во масовна акција запленуваат 21 јахта да не случајно некоја од нив е на руски газди. Јахтите до понатаму нема да смеат да мрднат од пристаништата на кои се наоѓаат.

Многу е веројатно дека не сите јахти им припаѓаат на Руси, ама и таа опција не е невозможна.

Како што објаснуваат финските власти „тоа не се бродови што би ги имале обични граѓани, ама не се ни долги по 150 метри.“ Тие објаснуваат дека запленувањето не го направиле под претпоставка дека сите јахти се под санкции, туку за да проверат некоја од нив да не е под санкции.

„Тешко е да се утврди дали бродовите се руски, бидејќи се регистрирани низ целиот свет. Не можеме да кажеме кој е крајниот сопственик на бродот. Официјалните документи не секогаш содржат имиња на лицата,“ изјавил претставникот на финската царина, Сами Ракшит.

25 март 2022 - 14:22