Младиве се прават БОРГ-и

Еден тренд на пиење во последниве години ги освојува факултетите и ТикТок, а младите наивно веруваат дека тоа што го пијат помага за полесни мамурлуци. А кога се знае што и колку има во еден БОРГ, јасно е дека Господ не помага во таков мамурлук. Ама па на младите кои се растени во карантини им помага да почнат муабет.   

BORG e кратенка од „blackout rage gallon“, и обично се работи за пластичен бокал или кантичка од еден галон (3,7 литри) јак алкохол, вода и некој додаток на вкус. Па ќе напишат “BORG to be wild” или слично.

Веќе има истражувања на таа тема: скоро една третина од пијачите на BORG пријавиле дека се онесвестиле, 59% пријавиле однесување за резил а 17% повраќале.

А како и да не биде така кога еден вообичаен БОРГ се состои од 17 стандардни дози јаки пијачки, на што му се додава вода или сок.

„Не би препорачал пиење на толкава количина алкохол под никакви околности во контекст на забава“, вели д-р Џорџ Куб кој смета дека толку алкохол треба да биде испиен во текот на една недела, ако не и подолго.

Седумдесет и шест проценти од оние што пијат БОРГ рекле дека пијалокот помогнал да тргне муабетот а 62% си поминале подобро отколку претходно.

Според некои толкувања, оваа мешавина е станата популарна кај младите бидејќи тие се растени во ковид време и допрва ги вежбаат  социјалните вештини како што е комуникацијата во живо.

5 октомври 2026 - 14:07