Двата столба на кампањата се веб-страна со ни најмалку случајно УРЛ „snowflakevictory.com“ и плеј листа на Јутјуб со соодветни видеа.
Опфатени се 12 теми во кои луѓето на Трамп се чувствуваат триумфални или се обидуваат да ја претстават својата верзија на победата.
Пример, ако нечиј аргумент е дека Трамп се испокарал со сите држави, сајтот предлага контра одговор - Трамп ги подобри нашите трговски договори со странство. Кога е во прашање животната средина, ставот е дека Трамп „се бори за реалистични решенија за намалување на загадувањето“, и слично.