64% од Американците сметат дека следната деценија ќе започне на 1ви јануари 2020 година. Но 20% не се сигурни а еден помал процент тврдат дека следната декада нема да започне пред први јануари 2021 година.
Стриктно календарски, последниве се во право. Бидејќи не постои нулта година од нашата ера, сите децении, векови и милениуми започнуваат со годината со реден број 1.
„Историјата е јасна. Бидејќи не постои нулта година, првата деценија од нашата ера беа годините од 1 до 10, втората од 11 до 20 а онаа што нè очекува ќе трае од 2021 до 2030 година,“ вели Рик Финберг од Американското астрономско здружение.
Недоразбирањата настануваат затоа што терминот деценија се користи и како културолошка рамка и како поим со кој се означуваат парчиња историја. Деценија е период од десет години и не мора да започнува ни со нула ни со еден.
Начинот на кој повеќето луѓе сметаат дека со кецот започнува ново е поедноставен и поразбирлив. Доколку строго се држиме до календарските правила, тогаш она што се случило во 1990 година треба да го сметаме за нешто од осумдесеттите.