Зошто да ги сопреш чамците кога можеш да ги сопреш протестите

Она што во Велика Британија започна како криза со порозната водена граница, се претвора во криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги штити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците.

„За кого – или за што – постои британската држава? За да ја брани нашата територија, да ги контролира нашите граници, да ги заштити државјаните и нивните слободи? Не бидете глупави. Британија одамна се откажа од таквите старомодни идеи“, пишува Том Слејтер.

Најсвежиот пример кој му дава за право да мисли така е доаѓањето на уште еден „мега-чамец“ кој ги натера властите да организираат колона автобуси, полициски комбиња и амбулантни возила за да им помогнат на мигрантите непречено да поминат до центрите за прелиминарни приеми во Кент.

Истовремено, наметнаа големи ограничувања на протестите во околните области.

Ова е трет таков голем десант илегалци за еден месец. Мерките што ги преземаат лабуристите и француските власти се сведуваат на тоа да ги поместуваат рутите подалеку кон запад, ширејќи ја кризата на сè повеќе заедници низ францускиот и англискиот брег.

Исто така трет пат за еден месец овие непожелни посетители предизвика спонтани протести од страна на локалното население и активистите, бесни што властите, всушност, ја олеснуваат нелегалната миграција.

Бидејќи владата не е подготвена да преземе мерки против бродовите, повторно ѝ падна на полицијата да ги спречи демонстрациите. Во Хемпшир се воведоа низа драконски наредби, се ограничија сите протести на еден паркинг, се воведе забрани носење маски за лице а полицијата имаше право да наложи сите да ја напуштат областа, или да ризикуваат апсење.

Протестите минаа мирно но чувството на неправда што ги поттикнува сигурно нема да исчезне.

„На крајот на краиштата, оваа фарса се случува во време кога јавните служби чкрипат, амбулантните возила пристигнуваат цел век, а полицијата ќе дојде на местото на злосторството само ако злоделото е некого погрешно родово да претставиш. Сликите од сите тие возила со сини светла, кои ги придружуваат мажите кои немаат право да бидат тука до нивните објекти финансирани од даночните обврзници, е трупање сол во отворените рани“.

Кризата на Ла Манш не оди само на сметка на исцрпените ресурси туку и на безбедноста на британските државјани. Напади, силувања, планирани терористички акции...

„Кога дозволувате десетици илјади мажи секоја година нелегално да влегуваат во вашата земја, многу од нив од заостанати култури управувани од исламистички тирани, јасно дека некои од нив ќе продолжат да вршат изопачени злосторства“.

На властите им е јасен овој хорор но му одговараат со летоци и совети да не се силуваат жени, да не се навредуваат хомосексуалци.

„Она што започна како гранична криза се претвора во целосна криза на државниот легитимитет. Држава што не може да ги контролира своите граници, не може да ги заштити своите граѓани. Држава што ги става лажните права на нелегалните мигранти пред тешко стекнатите права на граѓаните не може да очекува лојалност на Британците. Држава што попрво би помислила да ги запре протестите отколку да ги запре бродовите, си игра со оган“, пишува Слејтер. 

 

6 октомври 2026 - 13:40