Што е „Берни слепило“ и како изгледа?

Со Берни Сандерс физички сè е во ред („по старски“), проблемот му е медиумски, а симптомите, според неговите симпатизери, се сведуваат на тоа што медиумите упорно го игнорираат.

Иако по анкети и популарност е во врвот меѓу кандидатите за претседател од Демократската партија, проблемот е што таквиот статус ни приближно не се отсликува во неговото присуство во медиумите, ако од пресметката се исклучат дебатите. Во други ситуации медиумите се обвинети за изместување или лажирање на бројките на Сандерс.

Ваквото разидување меѓу анкетите и присуството во меинстрим медиумите, симпатизерите на Сандерс официјално го крстија „Берни слепило“, кое се јавува како последица на повеќе фактори.

Дел, за ова ги обвинуваат корпоративните медиуми кои заради стравовите на своите убер-богати сопственици гледаат колку можат повеќе да го тргнат на страна Сандерс и неговите планови за правично оданочување и останати мерки за социјална правда.

Според други проблемот е во Демократската партија која ги протежира кандидатите што ќе ја продолжат идеологијата на Обама и Хилари, главно во делот на задржување на даночниот статус-кво за богаташите, и козметички измени за подобрување на животниот стил на остатокот од населението.

Симпатизерите на Берни направија колекција како во пракса се манифестира ова „слепило“:


Го нема, дури и кога го има: