Последната недела од 2019 година Ердоган и либискиот премиер Фајез ал-Сарај во Истанбул потпишаа меморандум за утврдување на поморските јурисдикции на двете земји.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, изјави дека со меморандумот се штитат правата на Турција кои произлегуваат од меѓународните закони,.
Детали од меморандумот не се соопштени и нејасно е како таа граница е договорена. Проблем е што, како и да е договорена, меѓу Турција и Либија таму некаде е Крит.
„Ова е флагрантно кршење на меѓународните закони и е комплетно неприфатливо,“ возврати Атина а грчкиот премиер најави дека во крајна инстанца ќе биде принуден да го однесе случајот пред меѓународниот суд во Хаг.
„Правото и правдата се на наша страна, нема за што да бидеме загрижени,“ изјави Худафакис Мицотакис.
Има, пријателе, има.