Првиот модел ќе биде џип што ќе биде претставен во 2022. Иако за сега нема ни име на моделот, ни некакви технички детали, ТОГГ на Твитер објави снимка од маскирано возило и информација дека тоа е дизајнирано од италијанската Пининфарина.
Очекувањата се дека во 15-те години по премиерата во 2022, проектот ќе внесе 50 милијарди долари во турската економија. Додека ова се залауфа, ТОГГ доби даночни олеснувања, бесплатно земјиште за фабриката, намалување на даночните стапки и гаранција од владата дека ќе купи 30.000 возила до крајот на 2035. Обврската на инвеститорите е до крајот на 2023 да обезбедат капитал од најмалку 520 милиони евра во готовина.
Ердоган уште од 2011 ги тера турските компании да ги здружат силите за да произведат турски автомобил. Шест години подоцна, пет компании (Анадолу груп, БМЦ, Кок груп, Турксел и Зорлу холдинг) го формираат конзорциумот.
Според бројките од ноември Турција го има 9-от по големина пазар во Европа, а во првите 11 месеци од 2019 во земјата се продадени 316.427 возила, што е за 26% помалку од истиот период минатата година.