Вести

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Речник

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Колку повеќе репрезентации настапуваат на Светските фудбалски првенства, толку помалку има фудбалери што се родени во земјата чиј дрес го носат. Помалите нации не можат без фудбалери од дијаспората. Само еден фудбалер на Курасао е роден во земјата. Интересен факт за оние што мислат дека Франција игра со „странци“: дури 54 фудбалери на Мундијалот се родени во Париз.

Долгиот живот е пола од гените – пола од околината

Нова анализа укажува дека гените се двојно поважни за долг живот. Дури 50%. Науката досега за многу побитни ги сметаше начинот на живот, исхраната, вежбањето, социјалните односи и околината. Ова сепак не значи дека луѓето може да им се препуштат на гените и да пушат и пијат, очекувајќи дека ќе живеат долго како и нивните родители, баби и дедовци.

Судска одлука го приближи Панамскиот канал до Трамп

Додека Трамп агресивно се закануваше дека ќе ѝ го грабне Гренланд на Данска, дури и на сила, на многу поелегантен начин ја спроведе другата половина од стратегијата за воспоставување американска доминација на западната хемисфера. Под негов притисок, Панама ѝ ја поништи концесијата на хонгконшката компанија што го управуваше Панамскиот канал.

Израел конечно призна: Убил 70.000 луѓе во Газа

Израелските сили две години упорно одбиваа да го признаат бројот на Палестинци што ги убиле при операцијата во Газа. Ги отфрлаа локалните извештаи како „пропаганда на Хамас“. Дури сега го објавија сопствениот „проверен“ биланс, кој се поклопува со оној од министерство за здравство на Хамас. Убиени се најмалку 70.000 Палестинци. 

На поларните мечки им оди дебело добро

Кога научници пристигнале на норвешкиот северен архипелаг Свалбард за да гo испитаат влијанието од климатските промени врз поларните мечки, забележале дека топењето на мразот нема катастрофални последици. Напротив. Мечките биле подебели и поздрави. Се прилагодиле да ловат моржови, чија популација исто така се зголемила.

Како напредуваат Русите на фронтот: побавно од полжав

Дури и за време на најжестоките офанзиви во изминатите две години, руските сили на фронтот во Украина напредуваат по 15 до 70 метри на ден. Тоа е меѓу најбавните напредувања во современото војување, побавно дури и од рововската Битка на Сома во Првата светска војна, каде што сојузниците заземале по 80 метри германска територија на ден.

Бројот на млади трансџендери е во слободен пад

Секој што последниве години се осмелуваше да спомне мода, имитирање или социјална зараза во поглед на растечкиот број трансродови млади, се сметаше за закана за благосостојбата на децата. Дека таквите го напаѓаат физичкиот и психолошкиот интегритет на младата личност и се сомневаат во (моменталните) резултати на нивната самоидентификација. Омилена етикета за нив беше: трансфобични.

САД сечат помош за странски невладини што промовираат родови идеологии

Стејт департментот им нареди на американските мисии низ целиот свет да ги преразгледаат сите програми за помош за да спречат финансирања на групи што поддржуваат абортуси, разновидност и родова идеологија. Невладините организации во странство што нема да се прилагодат на новите правила ќе останат без финансиска поддршка од САД.

Германските фабрики се селат во Унгарија и Србија

Германски компании затвораат погони во својата земја и го префрлаат производството во нови модерни фабрики во Унгарија и во Србија. Тие нудат поевтина и висококвалификувана работна сила и разни бирократски и даночни олеснувања. И Кинезите отвораат погони во индустриската зона на потегот Будимпешта-Белград, која ја поврзуваат со брзи возови.

ЕУ ја чека хемиско чистење од 440 милијарди евра

Чистењето на вечните хемикалии од природната средина и санирањето на здравствените штети од овие отрови ќе ја чинат Европа најмалку 440 милијарди долари до средината на овој век, покажува нова анализа. Европската Унија днајавува дека ќе ги забрани хемикалиите PFAS, но бара начин како да не ги загрози текстилците и други индустрии што испуштаат отрови.

Нил Јанг на Гренланд му ја понуди својата музика бесплатно

Рок легендата Нил Јанг му тера контра на Доналд Трамп нудејќи им го на жителите на Гренланд целиот свој дигитален музички каталог една година бесплатно. Истовремено, порача дека никогаш нема да ја врати својата музика на Амазон додека негов газда е Џеф Безос. Јанг повлекуваше музика од други платформи и порано, па после ја враќаше.

Полска има повеќе злато од Европската централна банка

Народната банка на Полска ги зголеми своите резерви на злато на околу 550 тони, во вредност од 63 милијарди евра. И планира да купува уште, барем додека не стигне до стотина милијарди. Стратегијата на гувернерот се покажува како исплатлива. Во време на геополитички хаос, вредноста на златото урива историски рекорди и надмина 5.500 долари за унца.

Седум од десет души со рак ја победуваат болеста

Пораното откривање, подобрените здравствени третмани и поздравите животни навики првпат ја кренаа над 70% стапката на луѓе со рак што ја победиле болеста, покажуваат нови статистички податоци за САД. Пред половина век стапката била 49%. Некои типови рак се победуваат во 98% од случаите, но ракот на панкреас го преживуваат само 13% од пациентите.

Полицијата во Англија им дозволува на осомничени да си го изберат полот

Родовата идеологија во Англија има приоритет над одлуките од Врховниот суд и при сериозни случаи на гонење криминалци. Полицијата им дава право на притворените осомничени лица по сопствена волја да го идентификуваат својот пол, што може да ги попречи истрагите и статистиките за криминал, особено за сексуални насилства, педофилија и силувања.

Британија со интернет цензурата ќе го стаса Иран

Високи американски функционери побараа од владата на Кир Стармер да го отфрли амандманот за блокада на услугата VPN, со која Британците може да ги заобиколат сè построгите ограничувања за пристап до интернет. Вашингтон предупредува дека тоа би бил прв чекор кон тиранија и дека Британија со степенот на интернет цензура ќе се изедначи со Иран.

96% од царините на Трамп паднале на грбот на Американците

САД заработиле близу 200 милијарди долари од царините на Трамп, но дури 96% од тие пари ги платиле американските граѓани, кои биле принудени да купуваат поскапи производи од увоз. Спротивно на очекувањата, другите земји не ги намалиле цените на производите, туку се преориентирале на други пазари, главно во Европа и Азија.

Венецуела: Доста ни е од наредби. САД: Пак ќе ве маваме

Еден месец откако Американците ја оставија Делси Родригез да се справува со обезглавената  и поделена држава, таа за првпат крена глас против постојаниот притисок и бескрајните барања на Вашингтон околу нивната нафта. Не чекаше многу за одговор кој дојде од државниот секретар кој ја потсети дека Американците ја сметаат Венецуела за своја бавча.  

Воздухот во Њу Делхи е како да пушите пола кутија цигари на ден

Десетици милиони луѓе во главниот град на Индија секоја зима дишат загаден воздух илустративно измерен како чад од девет цигари на ден. Многу е полошо во индустриските квартови. Експерти пресметале дека очекуваниот животен век на луѓето им е скратен за осум години. Наместо да ги запрат загадувачите, властите прскаат вода од камиони.

Канје Вест: Ги сакам Евреите

Онаа петарда Канје Вест/ Канје/ Је закупи цела страна во Волстрит журнал за да им ги објасни своите маки на луѓето и да се извини за неговите антисемитски испади. Признава дека од умот се подизгубил и дека долго време се бори со своето биполарно пореметување. Најјако е што коренот на своите проблеми го гледа во тоа што многу одамна, си ја учукал главата а не бил соодветно третиран. Дој кај нас на Клиника. 

Лажната прогресивност бара вистински жртви

Многумина од белите американски прогресивци кои протестираат против единиците за имиграција, едвај да прозбореле со некој од нив, дури и со оние кои работат за нив како чистачи и градинари. Но, бидејќи од мали нозе сите ние сме учени дека против фашизмот вреди и да се жртвува, треба само попат да те убедат дека „тие“ или „оние“ се фашисти. И ете така се гине. Го пренесуваме ставот на Мајкл Шеленбергер.

Јагленот ги спаси Американците од студот

Иако САД со години ги промовираа ветерните централи и сончевите колектори, „гнасниот“ јаглен се потврди како спасител на Американците во критичниот период на историски студениот зимски бран. Не само што термоцентралите обезбедувале доволно струја за греење, туку и ја спасиле од колапс преоптоварената и замрзната електрична мрежа.

Имиграцијата е добра додека е илегална

Илегалците бараат работа и се трудат да ја задржат при што обично заземаат работни места кои за домашното население не се привлечни. Можеби дилемата дали некој без документи треба да биде депортиран или треба да остане се сведува на пресметката дали тој е корисен за домашната економија или е штетен и прави други бељи во системот.    

Грижата за внуците го крепи здравјето на бабите и дедовците

Бабите и дедовците што на каков било начин се вклучени во грижата за нивните внуци всушност се грижат подобро и за сопственото здравје, покажува ново истражување. Притоа не е важно дали бдееле врз внуците кога се болни или само ги придружувале до училиште. Грижата помага сè додека не им е наметната од родителите. Тогаш е товар.

Пандемијата одамна помина, прогонот на лекарите никако да заврши

Бјанка Вицшел, општа лекарка од Саксонија, во февруари ќе оди во затвор. Осудена е зашто во времето на пандемијата им дала право на избор на своите пациенти дали да носат маски или да се вакцинираат. Германија тоа го смета за кривично дело што мора да се казни со робија, одземање на ординацијата и уништување на животот на доблесната докторка.

Англија промовира општини под строг надзор

Во шест квартови во англискиот град Оксфорд ќе бидат воведен концептот „град од 15-минути“, со строго ограничување и надгледување на движењето на луѓето. Целта е да се обесхрабрат жителите да користат автомобили и да се промовираат поздрави алтернативи - пешачење и возење точак. Возачите ги опишуваат овие населби со „сталинистички“.