Мажи не се проблем, мажи нема:

Зеленски планира задолжителна регрутација на жени

Киев има огромни проблеми да ја засили армијата до нивото од 800.000 војници кое го побара врховниот командант Зеленски. Бидејќи бројот на мажи кои имаат право на воена служба (на возраст помеѓу 18 и 60 години) постојано се намалува, украинското раководство ги тестира реакциите од јавноста за можноста за задолжително регрутирање жени.

​Проблем број еден на украинската армија повеќе не е само недостатокот на балистички ракети, системи за воздушна и ракетна одбрана и борбени авиони, туку и недостатокот на војници, кои би го користеле оружјето.

Вкупното население на Украина драматично се намали откако почна војната со Русија пред повеќе од 1.500 дена. Според некои извори, во земјата што пред пет години беше дом на повеќе од 40 милиони луѓе останале едвај 20 милиони.

Од почетокот на 2024 година, приближно 5 милиони мажи беа на возраст за регрутација, значително помалку од околу 8,7 милиони пред инвазијата во февруари 2022 година.

Многумина од мажите во оваа возраст веќе служат во војската, некои се неспособни, а се повеќе настојуваат да ја избегнат воената обврската со непријавување на повиците или со заминување во странство. Воената полиција долго време користи присилна регрутација за да ги пополни строевите.

Засега нема законска основа за општа регрутација на жени. Дозволено им е да учествуваат во воените формации, но само на доброволна основа.

Пред воената инвазија од Русија, во украинската војска имало околу 32.000 жени. Во септември 2022 година воени претставници објавија дека во оружените сили служат околу 50.000 жени на борбени и неборбени позиции, од кои околу 10.000 се на фронтот или на позиции од кои може да бидат испратени на фронтот.

Многу жени земаат оружје и се приклучуваат на армијата затоа што мажите сега не се во можност сами да се справат со предизвиците, изјавил војник за провладиниот портал „24 канал“.

Според адвокатот Ростислав Кравец, одлуката жените да бидат вклучени на списоците на оние кои одбиваат воена служба или на дезертери може да им послужи на властите да ги тестираат реакциите од јавноста и да проценат каква би бил одговорот на одлука за општа и задолжителна регрутација на жените.

Доколку тоа не предизвика вонредна состојба во општеството, тогаш парламентот би можел да усвои измени на законите и да одобри итна и задолжителна регрутација на жените, смета Кравец.

21 април 2026 - 11:18