Ѓубривата, пестицидите и пластиката - столбовите на модерното земјоделство и на прехранбениот систем и сите содржат или зависат од нафтата.
Ѓубривата (синтетички и органски азот, калиум и фосфор) се помасовно се користат во земјоделството. Во 1960-тите, светот користел помеѓу 60 и 70 милиони тони ѓубриво годишно. Во 2023 година се користеле 183 милиони тони. Оваа сезона, земјоделците веќе пријавуваат неодржливо зголемување на цените на ѓубривата поради војната во Иран и затворањето на синџирите за испорака на суровини.
Едно од најчесто користените синтетички ѓубрива е и уреата. Над една третина од светскиот извоз на уреа мора да помине низ Ормускиот проток.
Пестицидите одат во комбинација ѓубривата во глобалните земјоделско-прехранбени системи. Основата на индустријализираното земјоделство е монокултурното производство (одгледување на една култура одново и одново на истото парче земја), кое е поранливо на закана од штетници и болести. Со текот на времето оваа ранливост се зголемува поради отпорноста на напасниците, што создава спирала и потреба за сè повеќе пестициди.
Пластичните полимери се користат во оранжерии, агрохемиските садови главно се направени од пластика, гајбите за жетва и пакувањата за производи често се пластични, повеќето преработени прехранбени производи се спакувани во пластични садови, а пластиката сè уште се користи и како чинии, чаши, сламки и прибор за јадење.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН соопшти дека глобалните цени на храната биле релативно стабилни во март благодарение на изобилството на залихи на повеќето прехранбени производи, особено на житарки. Притисокот се зголемил во април, а ако блокадата на Ормускиот проток продолжи и во мај, светот би можел да се приближи до глобална катастрофа со земјоделско-прехранбени производи.
Иако проценките се разликуваат, ФАО смета дека извозот на 20% до 45% од сите клучни земјоделско-прехранбени елементи зависат од товарниот сообраќај низ Ормускиот теснец. Додека се исцрпуваат залихите на ѓубрива, земјоделците мора да донесат одлуки дали да се префрлат на друга култура.
Исто како што некои земји во моментов мораат да го рационализираат гасот затоа што не доаѓа низ теснецот, некои земјоделци воопшто немаат ѓубриво. Потоа приносите ќе се намалат, особено во земјите во развој. Тоа би можело да значи глад, предупредува Мајк фон Масоу, економист за храна на Универзитетот во Гвелф.