- Поништувањето на Брегзит треба да биде темел на новиот десетгодишен план на Лабуристичката партија, препорача Институтот „Тони Блер“ на поранешниот британски премиер.
- Во документот, претставен пред конференцијата на лабуристите в недела, од актуелниот премиер Енди Барнам се бара „веднаш да ги напушти црвените линии за слободата на движење, единствениот пазар и царинската унија“ и да овозможи „модерен однос“ со Унијата.
- „Треба јасно да кажеме дека сакаме да се вратиме во формален однос со ЕУ. Но, тоа мора да биде Европа на кредибилен пат кон реформи, Европа на национални држави, Европа способна да биде вистинска глобална сила“, пишува Блер во предговорот на документот.
- Институтот за истражување на јавни политики пресмета дека Британија пропушта трговија во вредност до 6,5 милијарди фунти годишно поради договорот за раздружување од ЕУ што го постигна Борис Џонсон. Најтешко е погодена автомобилската индустрија, која можела да заработи 3,42 милијарди фунти годишно повеќе.
- Украина ненајавено остана без целосен пристап до интернет-услугата Starlink на Илон Маск, што ѝ ги блокираше операциите на бојното поле против руските трупи.
- „SpaceX, компанијата која го управува со Starlink, поставила ограничување на брзината на терминалите во Украина кога дроновите управувани од системот надминувале брзина од 100 милји на час“, изјави Серхиј Бескрестнов, советник во претседателот Зеленски.
- Бекстренов оцени дека компанијата на Маск веројатно дејствувала по барање од претседателот Трамп, кој во саботата го зголеми притисокот врз Зеленски и побара да престане да ги напаѓа руските рафинерии за нафта.
- Маск на својот профил на Икс коментираше: „Зеленски отиде предалеку“.
- Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој, по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеше дека таму нема здравствен случај.
- „Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеа работите на виделина какви се. Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа бидејќи во основа таму нема здравствен случај“, вели Клековски.
- Татко ѝ Симеон Михајлов исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот „Детонатор“. Во моментот македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михајлов.