Канадскиот премиер Марк Карни „внимателно го разгледувал“ и екстремното сценарио за американска воена инвазија врз неговата земја, откако претседателот Доналд Трамп почна да говори за Канада како 51-ва американска држава.
„На оваа позиција имате одговорност да ги разгледате екстремните ризици, колку и да се малку веројатни. Тоа е едноставно управување со ризик. Не е основно сценарио, но би било неодговорно да не се подготвите за такво нешто“, изјави Карни во интервју за Њујорк тајмс.
Премиерот не прецизираше што точно истражувала неговата влада ниту какви подготовки биле направени.
И покрај несогласувањата, Карни вели дека често разговара со Трамп и сè уште гледа можност за продолжување на блокираните трговски преговори со САД.
„Имаме добар однос во смисла на тоа дека можеме да се слушнеме и да разговараме за одредени прашања. Тој е директен. И јас сум директен. Така е многу поефикасно и знаеме дека тоа ќе продолжи“, изјави Карни.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.