Вештачките засладувачи можат да го сменат метаболизмот на вашите потомци

Вештачките засладувачи, присутни во сè, од грицки без шеќер до диетални газирани пијалоци, се главниот мамец за многумина кои сакаат да ослабат или демек живеат поздраво. Но, нови истражувања сугерираат дека супстанците би можеле да имаат повеќегенерациски ефекти, потенцијално менувајќи го метаболизмот а идните генерации дури и без директна консумација.

Во студија објавена во списанието Frontiers in Nutrition, чилеански истражувачи откриле дека глувците на кои им е дадена сукралоза или стевиа им ги пренеле промените во гените поврзани со метаболизмот на своите деца и внуци дури и кога подоцнежните генерации не ги консумирале засладувачите.

Наодите покренуваат прашања за долгорочните биолошки ефекти на широко користените замени за шеќер, особено затоа што нивата консумација драстично се зголемува последниве години.

Резултатите од студијата сугерираат дека засладувачите можеби предизвикале промени во цревните бактерии и активноста на гените кои потоа се пренесувале низ генерации на глувците. Иако студијата не докажува дека истото се случува и кај луѓето, се надополнува на низа истражувања за саканите и несаканите ефекти на засладувачите.

Ефектите биле најсилни во првата следна генерација а потоа е намалувале. Притоа, сукралозта имала поголемо влијание.

 „Стевиата е добиена од растенија и се метаболизира различно од сукралозата, која поминува низ цревата во голема мера непроменета и има подиректен контакт со цревните бактерии“, објаснува специјализиран нутриционист.

Засладувачи редовно користат околу 140 милиони Американци.

24 април 2026 - 13:44