Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Англија ќе црпи гас за да копа биткоини

Британска компанија доби лиценца да експлоатира гас од огромно поле во Јоркшир, кое има капацитет да задоволи 10% од енергетските потреби на земјата. Но, тоа нема воопшто да ја олесни енергетската криза ниту ќе ги намали сметките на семејствата. Струјата од гасната централа ќе се троши на рударење биткоини. Приоритет има приватниот ќар.

САД бараат гејмери за контролори на летање

За да го пополни недостигот од околу 3.500 контролори на летање, американската Федерална администрација за воздухопловство објави конкурс насочен кон гејмери. Оценила дека нивната способност за концентрирање и брзо донесување одлуки се квалитети што одговараат за една од најкритичните позиции од која зависат животи на милиони луѓе.

Срцето повикува на будност во врска со мелатонинот

Мелатонинот е природен хормон кој организмот го произведува ноќе а чии лабораториски синтетизирани верзии често се користат како помош за заспивање. Консензуално се смета за здрав за срцето. Сепак, една обемна нова студија сугерира дека редовните долгорочни корисници се соочуваат со поголем ризик од срцева слабост, хоспитализација, а со текот на времето, пу-пу, скраја да е.

Биби го спржи угледот на Израел кај Американците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху направи хаос во американската перцепција на Израел а војната со Иран дополнително го влошува односот со САД. Падот на имиџот на Израел е највидлив кај помладите Американци, но го погодува и Конгресот. Пратеници кои започнаа јако произраелски настроени стануваат сè погласни критичари на авантурата во која Биби го вовлече Трамп.

Четирите јавачи на мулти-левел маркетингот

Човечката историја во основа e една долга измама, со нас, луѓето, како постојано желни и жедни клиенти. Од проповедници, подиуми и билборди, пораката е извонредно конзистентна: не сте баш-баш, ама, имаме добра вест за вас -  ние го имаме решението! Тоа е најстарата шема за мулти-левел маркетинг во светот, и ние некако сè уште ја голтаме понудата, да ни продадат нешто што веќе е бесплатно.  

Новинарската слобода како задолжителна поддршка за Израел

Аксел Спрингер е медиумска империја со седиште во Германија која ги поседува брендовите како Билд, Ди Велт, Политико и Бизнис Инсајдер. Го набавија и британски Дејли Телеграф по што на новинарите на тој медиум веднаш им беше даден уредувачки компас, за да не се изгубат во беспаќата на новинарската слобода. 

Клод Митос: Сите го сакаат и му се плашат

Министри за финансии и банкари низ светот свикаа кризни состаноци откако првите тестирања на Клод Митос потврдија дека оваа нова алатка со ВИ на Антропик има потенцијал да ја пробие заштитата на финансиските системи. Белата куќа им нареди на сите американски агенции да го користат моделот на Антропик за да ја проверат кибернетската безбедност.

Затворањето на озонската дупка се одложува за седум години

Истенчувањето на заштитниот озонски слој околу Земјата првпат беше забележано во далечната 1985 година кога се откри растечка дупка над Антарктикот. Две години подоцна беше создаден Монтреалскиот протокол, по кој 193 земји одлучија здружено да го решат проблемот. 39 години подоцна се открива дека протоколот се заснова на погрешни проценки. 

Малцински извештај: ФБИ го билда списокот на „пред-криминалци“

ФБИ формира нов центар за следење граѓани и тројно го зголемил списокот со имиња на Американци за кои властите оцениле дека некогаш во иднина може да извршат терористички акт или кривично дело. Слично на филмот „Малцински извештај“, ФБИ настојува да следи и да прогонува луѓе врз основа на нивните проценети ставови. Особено ако не се од МАГА.

Светот ќе банкротира поради американскиот долг

Американскиот национален долг од 39.000 милијарди не е проблем само за Вашингтон. ММФ го смета за „највидливиот симптом на глобална болест“. На енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток земјите одговараат со политички потези – широки субвенции и намалување на акцизите, кои се економски токсични и носат долгорочни проблеми.

Може ли да му се верува на човекот што сака да ја контролира нашата иднина?

Сем Алтман, кој од петни жили сака да ја управува иднината на човештвото, отсекогаш бил контрадикторен. Неговите соработници не можат да разграничат каде завршува неговата „надеж за човештвото“, а каде почнува копнежот за моќ. Илон Маск го тужи, Иља Сутскевер го обвинува дека лаже, а Дарио Амодеи предупредува „проблемот со OpenAI е самиот Сем“.

Еден по еден, снема десет луѓе со пристап до најголемите тајни на САД

За две и пол години исчезнале или мистериозно загинале десет лица, од чувар до генерал, што имале пристап до најстрого доверливи проекти за вселенски истражувања и нуклеарна безбедност на САД. Конгресмени бараат од ФБИ конечно да спроведе истрага, за да се запрат шпекулациите дека за исчезнувањата можеби е одговорна државата.

Мигранти лажат дека се геј за да добијат азил во Британија

Мигранти од Пакистан во Британија им плаќаат илјадници фунти на адвокатски фирми за да ги претстават дека се геј и така да им обезбедат право на азил. Британија не може да ги депортира, бидејќи хомосексуалноста е кривично дело во нивната матична земја. Тешко може да ги открие измамите, бидејќи азилантите се опремени со фотографии, сведочења и други лажни докази.

Мегаструктурите ни крадат милисекунди

Иако со милениуми ни вршело работа, мерењето на денот според сонцето не е баш најпрецизен метод. Ротациите не се исти а врз нив влијаат различни фактори. Не само големите земјотреси и Месечината туку и огромните градби создадеи од човекот. Најголемата брана во Кина и светот е толку голеема што го забавува движењето на Земјата. Не е тоа многу, ама, малку по малку, отиде животот. 

25 милиони Иранци спремни да се жртвуваат за татковината

САД и Израел тврдат дека ја почнале војната против Иран за да им помогнат на Иранците да се „ослободат“ од режимот и тиранијата. Го постигнаа сосема спротивното. Над 25 милиони Иранци од сите етнички и верски заедници се регистрирале за „Џан Фада“, спремни да го жртвуваат сопствениот живот за да ја одбранат татковината од агресорите.

Европа забрзано планира „резервно НАТО“ без САД

Откако Трамп ги заостри заканите кон своите сојузници, европските земји тивко ги забрзаа напорите за формирање „резервно НАТО“, кое би било способно самостојно да го одбрани континентот без поддршка од САД. Целта е да се задржат оперативниот континуитет и нуклеарниот кредибилитет на Алијансата ниво кое би ја одвратило Русија од евентуална агресија.

Не се клади на ВИ

Вештачката интелигенција барем во еден елемент се изедначи со онаа на луѓето – во способноста да губи пари по кладилници. На најнапредните ботови им било зададено да ги погодат резултатите од цела сезона во англиската Премиер лига врз основа на сите достапни релевантни податоци за формата, тактиката, повредените играчи... Сите биле во зијан. Некои банкротирале.

Корумпираноста на Трамп ја тоне економијата

Економската цена која ја плаќа Америка и светот поради непотребната и неоправдана војна против Иран во која Нетанјаху го вовлече Трамп (откако во тоа не успеа со три претходни американски претседатели), веќе најавува можен дебакл на републиканците на следните избори. Кај Трамп нема идеологија и каузи, кај него има пари, бизнис дилови и его големо колку планината Рашмор.     

Војната против Иран може да ги чини САД 1.000 милијарди долари

Економистка од Харвард тврди дека признаените краткорочни трошоци за војната на Трамп против Иран се капка во споредба со реалната штета што ќе ја претрпат Американците. Цената на долгорочните последици од војната ја пресметала на стотина милијарди долари годишно и не ја отфрла можноста вкупната сума да достигне 1.000 милијарди.

Трамп ја изгуби Мелони

Израелските напади врз италијанските мировници во Либан го оставија Трамп без поддршката од Џорџа Мелони - единствениот европски лидер што присуствуваше на неговата инаугурација. „Таа повеќе не е истата“, коментираше Трамп откако италијанската премиерка го суспендираше договорот за одбранбена соработка со Израел и застана во одбрана на папата.

Со студенти се претера

Тони Блер ги поттикна младите Британци во 21. век да се запишуваат на универзитет за да имаат повисоки плати, но денес се предлага да се намали бројот на бруцоши за 100.000. Повисоките школарини заглавуваат сè повеќе студенти во долгови. Многумина се откажуваат од студиите, а и голем дел од дипломираните мора да прифатат работни места за кои не е потребна диплома. 

И Пентагон му се заканувал на папата

Уште пред Трамп да го нападне Лав XIV со оценката дека „станал папа затоа што Трамп е во Белата куќа“, офицери од Пентагон отворено му се заканувале на Ватикан дека „би било подобро за Католичката црква да застане на страната на САД“. На овие закани, првиот американски папа одговорил со откажување на официјалната посета на родната земја.

Дигиталната жед ќе нè пресуши

„Прогресот бара жртви“, можат да кажат оние кои се одушевени од развојот на новите технологии кај кои предничи вештачката интелигенција. Но, ако се знае дека еден краток муабет со четбот троши половина литар вода, можеби наскоро ќе дојде време кога ќе треба да решиме за што попрво ни треба таа вода.  

Агенциите на Бајден со години го криеле ризикот од бустерите на Фајзер

Здравствените агенции во времето на Џо Бајден криеле од јавноста важни податоци за ризикот од бустер-вакцините против ковид-19, заклучија истражители од Сенатот откако прегледале околу 2.000 страници со доверливи документи. ФДА и ЦДЦ со години знаеле за врската на бустерите од Фајзер со ризик од мозочен удар кај пациентите на возраст над 65 години.