Вести

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Речник

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Европа губи апетит за проширување

Европските земји не сакаат на зборуваат за понатамошно проширување на ЕУ, за да не им дадат „политичка муниција“ на популистите на задолжителните референдуми за прифаќање на новите членки, особено во Франција. Колективно трауматизирани од искуството со Унгарија, Европејците не сакаат нови членки со право на вето за одлуките на Унијата.

Иран за ураниумот: Никој нема да ни кажува што треба да имаме

Преговорите меѓу Америка и Иран не се заокружија заради прашањето за ураниумот. ЏејДи Венс рече дека тие ги кажале своите црвени линии но Иран останал на свое. Од другата страна на масата беше Абас Арагчи, една од клучните фигури во преговорите околу иранската нуклеарна програма веќе 20-тина години. Шеф е на дипломатијата, има докторирано политички науки на Универзитетот Кент во Велика Британија. Ова е неговиот одговор:  

Орбан политички го симна човек кој го обожувал

Како момче во Будимпешта, Петер Маѓар држел постер од Виктор Орбан над креветот, во време кога Орбан бил симбол на борбата за демократија по падот на комунизмот. Речиси три децении подоцна, тој стана човекот кој го детронизираше неговиот некогашен политички идол.  

Наместо БДП - бруто домашна интелигенција?

Бруто домашниот производ наскоро би можел да биде заменет или придружен од нов индикатор кој би бил битен за инвеститорите при донесување одлуки. Новиот економски индикатор се предлага како клучен параметар за проценка на националната и индустриската конкурентност и ја мери достапноста на ресурсите за вештачка интелигенција на национално ниво. 

Училишта отфрлаат лаптопи, се враќаат на молив и хартија

Владите низ светот потрошија милијарди долари на програмите „компјутер за секое дете“ за да овозможат поквалитетно образование за учениците. Лаптопите од времето на пандемијата веќе се застарени, нови студии покажуваат дека компјутерите повеќе им го одземаат вниманието на учениците отколку што им помагаат, па наставата сè повеќе се враќа на молив и хартија.

Берлин со „деспотски“ мерки ги спречува младите да избегнат регрутација

Од ограничувања на слободата на говорот до обиди за затворање на цели политички партии, Германија во последниве години сè повеќе го покажува својот афинитет кон деспотизмот. Иако (сè уште) не спроведува целосна регрутација, Берлин применува слична мерка како и пред 130 години и воведува ограничувања за патување во странство за мажите на возраст до 45 години.

Војната го направи Израел енергетска суперсила во регионот

Додека со војната против Иран ги дестабилизира глобалните пазари, Ираел речиси и да не чувствува енергетски последици, благодарение на сопствените ресурси. Добива нафта од Азербејџан, генерира струја од сончеви колектори и ѝ продава свој гас на Европа. Следниот чекор е изградба на мали нуклеарни реактори заедно со САД и поврзување со подморски кабли со Европа.

Израел го уценуваше Клинтон со Левински, којзнае што имаат за Трамп

Откако ги нападна и најуличарски ги испонавреди луѓето кои со години го поддржуваа и му помогнаа да дојде на власт (види: По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот), медиумски најмоќниот меѓу нив, Такер Карлсон реши да не враќа на ист начин туку да ѝ расветли на публиката под притисок на какви загари се наоѓа Трамп. Оние што лаат и гризат за Израел.  

Сајбер-криминалци лани украле 21 милијарда долари од Американците

Повеќе од 1 милион Американци лани биле жртви на кибернетски криминал преку интернет. Нападите главно биле насочени кон криптовалутите на лицата на возраст над 60 години. Вкупниот плен на криминалците надминал 20 милијарди долари. Одделението за кибернетски криминал на ФБИ примало по речиси 3.000 пријави за кражби секој ден.

По поразот од надворешниот непријател, Трамп отвори војна против внатрешниот

Очајнички настојувајќи да го претстави како „победа“ целосниот пораз од Иран, Трамп се сврте кон групата довчерашни поддржувачи кои своевремено му помогнаа да дојде на власт. Само затоа што беа против неговата безумна војна, во која го вовлече Израел, тој на Truth Social ги нарече лузери, неспособни и глупи луѓе на кои им треба и психијатриска помош.

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Најбогатите луѓе во светот завчера за само еден ден го зголемија своето богатство за стотици милијарди долари како последица на двонеделниот прекин на огнот што го постигнаа САД и Иран. Добивката се уште не ја компензира колективната загуба на 500-те најбогати луѓе од вкупно 38,8 милијарди долари од почетокот на годината.

Мешање во изборите во Унгарија: Од Венс до нов Мајдан

Неколку дена пред клучните избори во Унгарија се заостри пропагандната војна. Додека како „странско мешање“ се критикува посетата американскиот потпретседател Венс на Унгарија, по социјалните мрежи се шири и снимка како украински провокатори се обучуваат да организираат протести во Будимпешта, според сценариото на Мајдан во Киев во 2013 година.

Петројуанот ќе го замени петродоларот?

Златниот стандард – монетарниот систем врзан за златото, заврши на почетокот на 1970-тите, отстапувајќи го своето место на петродоларот. Војната во Иран ја изложи на ризик слабата точка на Америка, бидејќи Кина го позиционира „петројуанот“ како нова доминантна валута за трговија со нафта. Згора на тоа, Саудијците тивко го убија петродоларот пред две години.

Како го натераа Трамп во војна со Иран

Нетанјаху и Мосад успеале да го убедат Трамп да го нападне Иран, претставувајќи му идеално сценарио во кое ризиците биле скриени, пишува Њујорк тајмс. Луѓето од најтесниот круг околу Трамп имале резерви, но никој директно не кренал глас против претседателот. Освен Џ.Д. Венс, кој од почетокот бил скептичен. Трамп повеќе му верувал на Нетанјаху.

Секој петти млад Германец планира да се исели од татковината

Додека Германија има огромни проблеми да интегрира повеќе од милион имигранти што пристигнаа барајќи подобра иднина, ќе мора да бара начин како да спречи егзодус на младите Германци, кои се разочарани од економската криза и скапиот и несигурен живот. Секој петти веќе планира да се исели во друга земја. Најпосакувани дестинации се Швајцарија и Австрија.

САД бараат пристап до сите податоци на граѓаните на ЕУ

Вашингтон и Брисел преговараат за договор што би им дал на американските власти директен пристап до сите записи за граѓаните од базите за податоци на членките на ЕУ. Не само биометриски податоци и фотографии, туку и за политички активизам, дури и за сексуалниот живот. Земјите кои нема да се согласат ризикуваат да им бидат воведени визи за пристап во САД.

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Белата куќа и Пентагон го истакнаа спасувањето на американскиот пилот од Иран на 3 април како херојска операција. Но, детали од теренот укажуваат дека мошне веројатно тоа е измислена приказна за да се прикрие тајна мисија за грабеж на иранскиот збогатен ураниум. Наместо пилот, всушност биле спасувани командосите, кои паднале во заседа.

Данците и Норвежаните плаќаат најмногу за помош на Украина

САД и ЕУ ѝ дале номинално најголема помош на Украина откако почна војната со Русија, но ако се смета според сумите што ги издвоиле граѓаните, испаѓа дека најмногу придонеле Данците и Норвежаните. Вработените луѓе во сојузничките земји досега просечно издвоиле помеѓу 600 и 700 евра за финансиска и воена помош на Украина и за поддршка на бегалците.

И САД и Иран го слават примирјето како победа

САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот за да преговараат за крај на војната. Основа за преговорите во Пакистан ќе биде план од 10 точки предложен од Техеран. Белата куќа го претстави примирјето како победа, а и Иранците прославуваат на улиците. Израел се согласил со прекинот на војната со Иран, но го задржува правото да го бомбардира Либан.

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Трамп има „речиси опсесивна манија“ за осакатување цивили, тврди поранешен висок офицер, кој лично ги слушал предлозите од претседателот на доверливи состаноци за безбедносни закани за САД. Барал да се пука во мигранти. Ако не да се убијат, барем во нозете. Ако сега изврши воени злосторства во Иран и не биде казнет, Западот ќе го изгуби секој морален авторитет.

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Речиси една половина од американските нуклеарни подморници се надвор од употреба поради доцнењата на поправките и одржувањето во преоптоварените бродоградилишта, кои практично не се модернизирани уште од Втората светска војна. Конгресот предупредува дека кризата со ангажирање стручни работници ќе потрае уште 25 години.

Израелците купуваат оружје од САД, плаќаат Американците

Американците не плаќаат само за скапата војна на Трамп против Иран, која секој ден троши по речиси милијарда долари, туку и за американското оружје што Израел го користи за геноцидот во Газа, за бомбардирањето на Хезболах во Либан и сега во Иран. Повеќето продажби се регулирани како „финансирање на странска војска“, што значи дека оружјето му е подарено на Израел.

Трамп: Господ ги повикал САД да го срамнат Иран со земја

Трамп кажа ново оправдување за скапата петнеделна војна со илјадници жртви, без јасен крај на повидок: Господ ги повикал САД да ги „згрижат“ Иранците. Трамп се заканува дека ќе го срамни Иран со земја и со Господ „на своја страна“, не се плаши од обвиненија за воени злосторства, како што се уништувањето на цивилната инфраструктура и убиството на 165 деца во Минаб.