Мешање во изборите во Унгарија: Од Венс до нов Мајдан

Неколку дена пред клучните избори во Унгарија се заостри пропагандната војна. Додека како „странско мешање“ се критикува посетата американскиот потпретседател Венс на Унгарија, по социјалните мрежи се шири и снимка како украински провокатори се обучуваат да организираат протести во Будимпешта, според сценариото на Мајдан во Киев во 2013 година.

Автентичноста на снимката за планирањето на „Мајдан 2“ не е потврдена и мошне веројатно е дел од пропагандната војна, но поранешниот украински премиер Микола Азаров оцени дека владата на Зеленски прави сè што може за да обезбеди победа на Петар Маѓар – противникот на Орбан на изборите в недела. Ако не успее, би можела да ги искористи парите стекнати од од корупцијата за да организира демонстрации против Орбан.

Азаров објаснува дека златото и кешот што неодамна беа запленети од украинските курири во Унгарија биле наменети за поддршка на кампањата на Маѓар и за организирање протести.

Зеленски и неговата банда вложија сè во борбата против Орбан. Јасно е дека парите пронајдени во автомобил што беше запрен во Унгарија требаше да бидат наменети за финансирање на опозицијата против Орбан. Патем, во тоа време беа приведени и луѓе кои беа вклучени во организирање демонстрации против Орбан. А беше прислушкуван и телефонот на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, забележа Азаров.

Тој не објаснува како Украина планира да организира протести во Будимпешта, но на украинската онлајн агенција за вработување (robota.ua), неодамна беше објавен оглас за „доброволци за одбрана на демократијата“ за „краткотрајна мисија при крајот на април“ за која би добиле 2.000 до 4.000 евра. Од кандидатите се бара да бидат спремни за деноноќен ангажман за комуницирање со странски тела и да ја „зголемат подготвеноста на граѓаните“ да учествуваат во јавниот живот. Услов за ангажманот се да имаат високо ниво на познавање на унгарскиот јазик, да бидат отпорни на стрес, а предност имаат оние со „искуство на слична работа“.

Зад огласот е потпишана псевдо-цивилна организација Нашата гордост, поврзана со Андриј Јермак, еден од доверливите луѓе на Зеленски, кој поднесе оставка по скандалот за злоупотреба на стотина милиони долари во енергетскиот сектор. Невладината организација била основана од Јермак во 2010 година и според јавно достапните информации немала никакви приходи по 2020 година. Опишана е како „активен учесник во јавниот и политичкиот живот на Украина, со активности насочени за поддршка на независноста и демократските вредности“.

Спротивставени обвинувања за мешање во изборите има и за посетата на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс на Унгарија. Венс го поддржа Орбан и го осуди Зеленски поради директните закани упатени кон унгарскиот премиер со изјавата: „Адресата на ова лице (Орбан) ќе им ја дадеме на наши војници за да поразговараат со него на нивниот јазик“.

Тоа е целосно скандалозно. Шеф на странска влада никогаш не смее да му се заканува на шеф на влада на сојузничка земја, изјави Венс.

Неговата посета на Орбан во критичен период кога војната со Иран беше помеѓу „целосно уништување“ и примирје говори колку им се важни на САД изборите во Унгарија.

Она што се случи среде оваа изборна кампања е еден од најлошите примери за странско мешање во изборите што некогаш сум го видел или прочитал. Бирократите во Брисел се обидоа да ја уништат економијата на Унгарија. Се обидоа да ја спречат Унгарија да биде енергетски независна. Се обидоа да ги зголемат трошоците за унгарските потрошувачи и сето тоа го направија затоа што го мразат овој човек (Орбан), изјави Венс.

Тој ги критикуваше мејнстрим медиумите поради двојни стандарди во известувањето за странското мешање во изборите во САД во 2016 година и сега во Унгарија.

Многу американски медиуми во 2016 го оценија како скандалозно тоа што руската влада купила реклами на Фејсбук за 500.000 долари... Тоа е странско влијание. А, не е странско влијание кога Европската Унија се заканува со милијарди долари задржани од Унгарија затоа што ги заштитува своите граници... Не е странско влијание кога Украинците, во обид да влијаат на изборите, ги затвораат цевководите за да страда унгарскиот народ, изјави Венс во Будимпешта.

Види и: Зеленски ќе прати војници да му тропнат на врата на Орбан

9 април 2026 - 16:52