Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Зеленски ќе прати војници да му тропнат на врата на Орбан

6 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Володимир Зеленски се закани дека ќе му испрати свои луѓе на домашна адреса на Виктор Орбан, ако Унгарија не ја повлече блокадата на заемот од ЕУ за Украина од 90 милијарди евра.
  • „Се надеваме дека едно лице во Европската Унија нема да ги блокира 90-те милијарди евра и дека украинските борци ќе добијат оружје. Во спротивно, адресата на ова лице ќе им ја дадеме на наши војници за да поразговараат со него на нивниот јазик“, предупреди Зеленски.
  • „Овие закани и уцени отидоа далеку над секоја прифатлива граница. Ова е скандалозно. Нема место за лични емоции во вакви работи. Унгарија нема да биде заплашена и нема да подлегнеме на уцени, објави портпаролот на Орбан, Золтан Ковач.
  • Будимпешта и Братислава ја обвинуваат Украина дека намерно не ја поправа штетата на нафтоводот Дружба, за да не доаѓа руска нафта до Унгарија и до Словачка. Орбан предупреди дека Унгарија ќе ги запре сите иницијативи на ЕУ за помош на Украина додека нафтоводот е блокиран.
извор

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други, пишува СДК.
  • Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат. Велат бандите им се втуруваат пешки на нивните деца, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно, другите ги оставаат да избегаат. Тепаат-снимаат-бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне.

  • Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое од напаѓачите било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

  • „По нападот го смирувавме дома детево, тоа беше многу вознемирено. Уште е и тоа го покажува ноќе, кога спие. Седевме дома и му се јави другар: ‘Еј брат, те има на Антикаури, на ТикТок’. Во деновите што следеа го викнаа син ми на препознавање и тој ги препозна тепачите и снимателот. Беа ученици-Албанци од неговото училиште. Од исто место храна си купуваат, се знае кои се, а од полиција ни рекоа не можеле ИП-адресите да им ги најдат“, сведочи родителка.

извор

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

5 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Над три милиони луѓе (60% од возрасната популација на земјата) останаа без опна што го имаат во банка, откако поради несолвентност, преку ноќ затвори банката Уено.
  • Банкарски сметки, плати, пензии... замрзнати и недостапни а луѓе излегоа на улици за да протестираат.
  • Осум директори на банката, вклучително и основачот и претседателот на банката се притворени а првиот човек на парагвајската централна банка, Карлос Каваљо, длабоко поврзан со Уено, поднесе оставка.
  • Уено сега е под шепа на централната банка а Сенатот на Парагвај предложи клиентите на банката „Уено“ да добијат аванс во висина до 40 минимални плати. Според постојниот закон, оштетени банкарски клиенти се обештетуваат со 75 минимални плати.
  • Уено беше ставена под принудна управа откако солвентноста, од минимумот од 12% падна на 5,6%.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бојан Трифуновски им го кажа

Разно
2

На Шиц по четири седишта му чуваат за Вардар, и Червар му крева рака

Навивачи
3

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми
4

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина
5

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

6

Еуфемизам на денот

Медиуми
7

Македонски колбас со ајвар

Разно
8

Јапонија бара резервен главен град

Свет
1

60 посто од сите возрасни во Парагвај останаа без пари

2

За нападите врз македонските деца во Тетово можат кривично да одговараат директори на школи, педагози и психолози

3

Нетанјаху може да почне да се пакува

4

Јапонија бара резервен главен град

Свет
5

Германија сака со златото и армијата на Полска да војува со Русија?

Свет
6

Каде зариба медиумската машина на Вучиќ

Балкан
7

Пропаѓа договорот на Трамп за руски дизел?

8

Како Иранците ја засакаа атомската бомба

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

ТВ дуел какви веќе нема

Медиуми

Еуфемизам на денот

Балканштина

Кога прерано ќе биде напишан говорот

Балканштина

Се очекува стампедо

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Рецесија на циркусот

Момо Капор: Што останува после раскинувањето?

Дипломатска шареница

Изгледа блесаво, ама делува

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy