Вести

Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Речник

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

И покрај царините од Трамп, кинескиот извоз урива рекорди

Трамп мислеше дека со високи царини ќе ја зафркне Кина и ќе ја крене американската индустрија, ама експертите во Пекинг подготвиле добра одбранбена стратегија. Извозот на кинески производи во САД паднал за 20%, но со навремено пренасочување на трговијата кон други пазари Кина лани остварила рекорден суфицит од речиси 1.200 милијарди долари. 

Европа бара јунак што ќе седне на маса со Путин

Макрон и Мелони вршат притисок врз ЕУ да назначи специјален преговарач што ќе ги застапува колективните интереси во преговорите со Русија. Турбо-дипломатијата на Трамп и приближувањето кон Москва не само што ја изолира Европа од мировниот процес за Украина, туку и ја остави без глас во поширокото преуредување на односите на сопствениот континент.

Функционер на ЕУ тајно организирал отпор против Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упорно ги блокира напорите на ЕУ да ја продолжат војната во Украина или да ги грабнат замрзнатите руските милијарди. Затоа не се големо изненадување протечените документи што сведочат дека висок функционер во Брисел со години тајно планирал операција за отстранување од власт на Орбан и неговата партија Фидес.

Апликација на денот: Мртов си?

Мобилна апликација со морбидно име се искачи на врвот листите на платени на продавниците на Епл во Кина, нудејќи суров потсетник за тоа колку мрачен може да биде модерниот живот и за младите и за старите. Апликацијата го адресира раширениот страв меѓу самците дека ќе умрат, а тоа никој нема да го забележи. А такви во Кина, за некоја година ќе има 200 милиони. 

Има ли пестицид што не е ризик за Паркинсонова болест?

Озлогласениот глифосат на Монсанто не е единствениот отров што ги труе земјоделците. Ново истражување покажува дека долготрајна изложеност на вообичаениот пестицид хлорпирифос за повеќе од 2,74 пати го зголемува ризикот од развој на Паркинсонова болест. Пестицидот е забранет во ЕУ, но до неодамна се прскал во САД и денес на големо се користи низ светот.

Кенеди го погоди слабиот нерв на Германија – фијаското со ковидот

Германската министерка за здравство со огорченост реагираше на критиките од нејзиниот американски колега дека Берлин им ги наметнувал на граѓаните вакцинирањето против ковид и носењето маски. Јавноста коментира дека Роберт Кенеди всушност е во право и дека пациентите во Германија практично немаат слобода за медицински одлуки.

За да стигне до нето нула, Британија ќе заглави во дебел минус

Постигнувањето на климатските цели за нето нула емисија на штетни гасови, ќе ја чини Британија многу повеќе од највисокиот проектиран минус од 7.600 милијарди фунти. Проценките за финансиската штета се базирале на „фантастични претпоставки“ за цената на обновливата енергија и технологијата со ниски јаглеродни емисии, покажува нов извештај.

Иран лови корисници на Старлинк

Откако ги исклучија телефонските врски пристапот до интернет за 90 милиони луѓе во земјата, иранските власти настојуваат да ги откријат последните преостанати предаватели на Старлинк преку кои протекуваат видеа и информации за крвавото задушување на масовните протести. Трамп најави дека ќе им го врати интернетот на Иранците.

Од злото фентанил Америка ја спасува – Кина

Трамп му објави војна на фентанилот. Поради огромниот број смртни случаи со декрет ја прогласи оваа синтетичка дрога за „оружје за масовно уништување“. Бројот на случаи од предозирање почнал да се намалува, но не поради заканите од Трамп, туку поради одлуката на Пекинг да го запре извозот на хемикалии за нарко-лабораториите во Мексико.

Хакери блокираа студија што поврзува рак со вакцини против ковид

Неразјаснет хакерски напад го спречил пристапот до нова глобална студија во која се откриваат врски помеѓу нови и „разбудени“ случаи на рак кај луѓе по вакцинација против ковид. „Цензурата е жива и здрава во САД и влезе во медицината на голем, ужасен начин“, забележува еден од авторите на истражувањето спроведено во 27 земји. 

Подобро голема европска војска отколку 27 бонсаи-армии

Комесарот за одбрана на Европската Унија бара обновување на старата иницијатива за создавање единствена и голема европска армија од 100.000 војници, која би била поефикасна од малите армии на 27-те членки. Одбраната на Европа зависи од повеќе инвестиции во производство, организирани институции и политичка волја за одвраќање или војна.

Германските агенти масовно ќе прислушуваат и ќе хакираат

Кабинетот на Мерц сака да ѝ даде поголеми овластувања на разузнавачката служба за следење на интернетот, наводно за да ѝ ги зголеми капацитетите за кибернетска одбрана. БНД, според нов нацрт-закон ќе добие право да пребарува содржина на снимени комуникации и да хакира бази на оператори и на платформи како Google, Meta или X.

Трамп сака Хамнеи да падне како Мадуро или Милошевиќ

Охрабрен од успешната операција за грабнување на лидерот на Венецуела, Трамп не отфрла слично сценарио за отстранување на ајатолахот Хамнеи, со надеж дека идниот врховен лидер на Иран ќе биде пофлексибилен и отворен за соработка. Трамп изјави на социјалните медиуми дека знае каде се крие Хамнеи, но дека не би сакал да биде убиен - „барем не засега“.

Аденауер на 150

Конрад Аденауер и неговото управување со Германија станува сè полегендарно, не затоа што се пронајдени некои нови историски извори или вистини, туку затоа што таа Германија на луѓето им изгледа речиси идилично во однос на денешна Германија и сите нејзини непознаници и предизвици. А и не за чудење што во споредба со политички и државнички кепеци како Мерц или Шолц, Аденауер изгледа како џин.   

Трамп прогласи крај на мултилатеризмот

Постојат околу 300 меѓувладини организации и околу 45.000 меѓународно активни невладини организации. Неодамнешното повлекување на САД од шеесетина ентитети и договори - кои се фокусираат главно на климата, миграцијата и работната сила - е огромен и битен чекор. Во сите нив Американците имаа клучна улога. Без главниот штеп, кројката на мултилатеризмот ќе се распара.

Онлифанс го победи Холивуд за добивање визи

Американската специјална виза некогаш беше дизајнирана во земјата да донесе уметници од светска класа. Од апликантите се бараа светски достигнувања, важни награди и други параметри за докажување на нивните извонредни способности во областа на уметноста, филмот, музиката... Денес најбројни апликанти се оние од ОнлиФанс. Тие покажуваат број на фоловери и договори со брендови.

„Ограничената воена операција“ на Доналд Владимирович Трамп

Немам ништо против апсење на криминален лидер, но тоа апсење мора да се базира на јасна меѓународна правна рамка. Во идеален свет, треба да почнеме со апсење на Путин, Нетанјаху и самиот Трамп. Заедно со Мадуро, сите тие треба да делат иста ќелија во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Затоа, одговорот на прашањето „Кој е полош, Трамп или Мадуро?“ гласи: „И двајцата се полоши“.

Британските универзитети се премногу исламистички за Емиратите

Светот е толку превртен на глава што некои вести одд денес, до вчера ќе беа за „ај да се кладиме дека не е така.“ Обединетите Арапски Емирати го укинаа државното стипендирање на оние нивни граѓани што сакаат да се запишат на некој од британските универзитеи. Причината е урнебесно нестварна: ОАЕ не сакаат нивните деца таму да се радикализираат.

Вештачката интелигенција знае од нула да создаде нов вирус

Научници денес користат вештачка интелигенција и компјутерски системи што учат шеми од податоци, за од нула да напишат комплетни вирусни геноми во лабораторија. Ваквите вируси изградени од ВИ се бактериофаги, вируси што инфицираат бактерии, а не луѓе, што ги прави корисни за тестирања но и за ежење, кога ќе помислиш...

Вашингтон се откажува од посредувањето на невладините

Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека САД се откажуваат од насочување на средства за странска помош преку невладини организации. Првенствено поради големите критики за неефикасност, мамење и некомпетентност. Наместо да го хранат НВО секторот, САД директно ќе работат со државите на кои им треба помош.

Медиумско плакнење на американскиот башибозук

Кога Путин упадна во Украина, ако некој не оценеше дека се работи за војна или инвазија туку го користеше еуфемизмот нa Кремљ дека се работи за „специјална воена операција,“ не му гинеше етикета дека е про-руски бот иле елемент на хибридната војна на Кремљ. Да видиме како американските медиуми го викаат ова што Америка го прави со Венецуела.  

Махер на колото: 400.000 долари на Мадуро

Пет часа пред ноќните експлозии да го потресат Каракас, непознат кладилничар ги удвоил облозите дека Николас Мадуро ќе биде соборен. Обложувањата на Полимаркет, популарна платформа за обложување базирана на крипто, му донеле 400.000 долари по што се рашири сомнеж дека не се работи за кладилничарска интуиција туку за некој со инсајдерски информации. 

Венецуела е енергетско оружје на Трамп против Кина

Пекинг е најголемиот губитник од грабнувањето на Николас Мадуро и соборувањето на неговиот режим. Воената операција на Трамп во Венецуела не само што се заканува да го прекине евтиниот извор на нафта за Кинезите, туку им отвора пат на САД кон енергетска супериорност во глобалниот натпревар за развој на технологијата на иднината.

Германија е соочена со демографска бомба од 7 милиони Сиријци

Шемата за брза натурализација овозможена од претходната влада на Олаф Шолц може да доведе во Германија уште 7 милиони Сиријци во следните 50 години, предупредува холандски демографски експерт. Тој прави паралела со кампањата за увоз на квалификувани работници пред половина век, по која седумкратно се зголемија заедниците на Турци и Мароканци.