Од 1 јануари 2026 година, сите мажи на возраст меѓу 17 и 45 години мора да добијат дозвола од регрутниот на армијата ако сакаат да ја напуштат Германија повеќе од три месеци - без разлика дали за некој факултетски семестар во странство, работа или подолго патување.
Оваа обврска сега важи трајно а не само во случај на тензии или конкретна воена закана како што беше досега. Амандманот стапи на сила прилично незабележано.
„Во случај на вонредна состојба, треба да знаеме кој е во странство на подолг рок“, објаснила портпаролката на министерството за одбрана.
Признавајќи дека последиците од новото правило ќе бидат значајни, таа рекла дека работат на избегнување на непотребната бирократија. Но, правилото е во сила.
Барањето за дозвола е дел од поголем пакет реформи. Германската влада сака до 2035 година да ја зголеми воената актива на Бундесверот од моменталните 184.000 на 270.000 војници.
За таа цел, сите млади луѓе родени после 2008-ма ќе добијат прашалник во кој се прашува и дали би служеле војска. Одговорот е задолжителен а оние кои ја сигнализирале својата подготвеност во прашалникот прво ќе бидат прегледани од лекар.
Принципот на доброволност не се менува: никој не е принуден да служи, пишува Берлинер Цајтунг.