Кинески научник го напушти Јеил

Сериозен кинески научник напушти истражувачка позиција на престижниот факултет Јеил за да се врати во Кина. Зад потегот не стои носталгија по дома туку непишаните но и тоа како функционални расни лимити и бариери за научници со кинеско потекло. Плус, во матичната земја на ред е петолетка во која државата дополнително ќе се фокусира на науката. 

За Жанг Каи, пионерски научник кој со невидена прецизност гради ултра-голема банка на податоци за клеточни структурни групи, враќањето дома во Кина било природен избор за исполнување на неговата амбиција.

„Во САД речиси е невозможно кинески научник да добие водечка улога во голем проект“, вели Жанг во интервју за официјалниот весник на Кинеската академија на науките, најпрестижната истражувачка институција во земјата.

На почетокот на оваа година, Жанг ја напушти позицијата на Универзитетот Јеил и официјално се приклучи на еден кинески факултет за биолошки науки и медицина.

Еден месец подоцна, труд за кој тој беше дописен автор беше објавен во престижното списание „Nature“. Во трудот беше објавен пробив во неговата истражувачка област: технологија за снимање и анализа со електронска микроскопија со висока резолуција. Ова истражување се смета за суштинско за разбирање на животот, развој на нови дијагностички и терапевтски технологии и подобрување на управувањето со здравјето.

Заминувањето на Жанг од одделот за молекуларна биофизика и биохемија на Јеил, е дел од растечкиот број научници родени во Кина кои напуштаат врвни западни институции за позиции во Кина, привлечени од сè поголемата финансиска и друга поддршка за нивните истражувања, најсовремените објекти и и опрема како и шансите да водат големи проекти.

Тие проекти, велат, се недостапни за етничките кинески истражувачи во Америка.

Види и:

Кина брзо ги престигнува САД како светска научна суперсила

3 април 2026 - 15:14