Вести

Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Со цигари се откажуваат од вејпање

Тутунската индустрија ги промовираше вејповите и електронските цигари како помош за пушачите да ја надминат зависноста од никотин и да ги баталат цигарите. Трикот успеа и многумина од младите се навлекоа на „помалото зло“ за здравјето. Барајќи начин како да се откажат од зависноста, сè почесто посегнуваат по „одвратните цигари“.

Младината од ридовите граба палестински територии

Масовниот напад врз палестинско село на окупираниот Западен Брег го сврте вниманието кон новата и понасилна генерација израелски доселеници. Подемот на политичари што ја застапуваат идеологијата за протерување на Палестинците, на чело со министерот за финансии Безалел Смотрич, им овозможи легитимитет, финансирање и заштита на младите окупатори.

Речник

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Ако веќе не можат да го спречат шверцот и консумирањето наркотици во затворите, канадските власти ќе се потрудат барем да го направат дрогирањето „поздраво“. На затворениците ќе им достават хартиени цевчиња за да можат хигиенски да шмркаат дроги и фолии за виткање цигари. Опозицијата остро го критикува проектот и бара нулта толеранција за дроги во затворите.

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Откако Трамп лани му даде задача да ги скрати непотребните владини трошоци, а потоа го откачи, Илон Маск се враќа на служба во владата, овој пат како шеф на проектот за трасирање на иднината на војувањето. Хегсет, во меѓувреме, ќе настојува да ги построи војниците и да направи чистка меѓу генералите според принципот „помалку кловнови – повеќе каубојци“.

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Кога ќе се исцрпат украинските човечки ресурси, европските мажи и европската територија може да станат следниот потрошен ресурс на САД во војната против Русија преку посредници, пишува Томас Фази. Предупредува дека оваа војна лесно може да прерасне и во нуклеарна престрелка на европска почва, при што Американците нема да трпат директни последици.

Што сe случува кога смртници сакаат да пијат колку Черчил?

Мечка страв- мене не страв, двајца ентузијасти решаваат еден ден да испијат колку што пиел Черчил. А тој пиел цел ден, секој ден. Едниот од авантуристите завршува со врзан јазик и заблуда дека е смешен, а другиот признава дека утредента се истурил од повраќање.

Тулси е предобра за Демократите

Во таа склеротична партија веќе нема место за слободномислечки луѓе, пишува Брендан О’Нил за одлуката на Тулси Габард да ја напушти нејзината матична партија. Таа долго ѝ бодеше очи на бањатата елита со богохулења од типот - во женски спортови треба да учествуваат само жени. Ма, свашта! Ја имаме Тулси и на подкаст кај Роган.

Зимска војна во Украина е во корист на Русија

Како што украинската војска изјавува дека се надева дека нивната офанзива до зимава ќе стигне до Херсон, така Русија продолжува со подготовките за контра-офанзива која би можела да почне веќе следниот месец. Исходот од таа битка најверојатно ќе биде крвав и разорувачки, ама малку е веројатно дека ќе ја реши војната.

Белата куќа прави сè што можe за да не се сретнат Бајден и Путин

Доколку се појави таму, самитот на Г20 во Индонезија ќе биде првото излегување на Путин од Русија (и екс-СССР) од почетокот на војната, и на страна агендите, главна преокупација на луѓето на Бајден е по никоја цена нивниот претседател да не се сретне со рускиот, ниту да се размине.

Колатералната штета од начинот на кој се боревме против пандемијата

Бројките се такви какви што се, но една од поважните пораки што Бил Маер сака да ја пренесе е дека колатералната штета не е од пандемијата, туку од начинот на кој ние се справивме со пандемијата, бидејќи тие протоколи не се напишани во камен.

Фаренхајт 451 нè предупреди на вакви млади

На Мат Таиби не му се верува дека приглупата герила- акција „со супа против Ван Гог“  е само смешна, кога се случува сред повеќегодишна војна против уметноста, книжевноста, музиката, хуморот, па дури и математиката и науката. Му се чини дека ваквите допрва фаќаат залет и дека нема уште долго да се смееме.

Никогаш не се работеше за Украина

Вашингтон ја губи својата моќ во ОПЕК, Саудијците не се послушни како некогаш, светот влегува во муилтиполарност а војната во Украина е војна на Западниот финансиски сектор против енергетскиот сектор во кој доминираа Истокот. На првите им е јасно дека, енергијата, за жал, не може да се печати како парите.

Речиси и да нема шанса Америка да не влезе во рецесија

Американската рецесија е сигурно дека ќе се случи во следните 12 месеци покажале проекциите на Блумберг економикс, според кои, од 65% на последните пресметки, шансите за рецесија сега се зголемиле на 100%.

Европа си легна на енергетската криза

Унијата може да се пофали со успесите што Украина ги имаше на фронтот благодарејќи на воената помош што и ја испрати. Истото не важи и за битките што Европа ги води против Русија на енергетскиот фронт.

Њујорк тајмс веќе 80 години е пријателски настроен кон нацистите

Пред три години, за Њујорк тајмс батаљонот Азов беше „украинска нео-нацистичка парамилитарна единица“. Минатата недела медиумот пишуваше за емотивната средба на Азовци со своите фамилии. Така е уште од 1936 година, кога беа одушевени од Олимписките игри на Хитлер.

Исповеди на економскиот убиец

Ќе се најде земја која има ресурси кои им требаат на американските корпорации. Ќе се натераат да се задолжат кај ММФ и Светската банка за проекти за кои ќе бидат убедени дека многу ќе им помогнат. За реализација на проектите ќе се ангажираат се-знае-кои компании (Бехтел, добри?). Ако во тоа не успеат економските убијци, доаѓаат шакалите кои рушат влади и убиваат лидери. Мислите туку така паѓаат авиони?

Конзервативците би да го враќаат Борис Џонсон

Како што новата британска премиерка не знае дал попрво да ја спасува својата политичка кариера или општо Британија и британската економија, така нејзините сопартијци почнаа со петиција за воскреснување на Борис Џонсон како премиер.

Европското самоубиство од заседа

Новото сонце на просперитетот над Европа би можело да остане само тема за авторите на фикција. Стариот континент се соочува со досега невидени состојби при актуелното економско помрачување, и непријатности за чие решавање ќе мора да се напушти шаблонот од поновата историја. Тоа што боли е што во најголем дел, според Шоелхамер, Европејците сами направија од готово-вересија. 

Зачувај пари, зачувај време, зачувај ја планетата

Во месецот на штедењето, ПроКредит започна кампања за промоција на онлајн штедење, еден од уникатните продукти на банката.

Нов план, цела Европа на украински гас

Америка да буши и да гради, а Европа да плаќа за гас е проектот кој во моментот Украина сака да го истурка со западните сојузници, како сите би се ослободиле од зависност од рускиот гас.

Главната лекција од Кубанската ракетна криза

Советниците на Бајден изминатиов период го изучуваат тајниот договор со кој пред 60 години се избегна катастрофата од Кубанската ракетна криза и дебатираат дали е возможно да се постигне слична спогодба што би ставила крај на војната во Украина.

Вештачката интелигенција ни го даде „новиот“ Револвер од Битлси

Ремикси лесно се прават ако секој инструмент го имаш засебно на канал. Но, Битлси за некои рани албуми имале само 4 канална миксета, па на секој канал се ставани по неколку инструменти. Како да треба торта да „отпечеш“ за да дојдеш до нејзините основни состојки.

Илон Маск ќе продолжи да плаќа за Старлинк

Во твит кој наликува како повеќе да му е криво што другите компании заработуваат милијарди од помошта за Украина, а тој уште ги плаќа сметките за Старлинк, Илон Маск објави дека интернет сервисот сепак ќе продолжи да функционира во Украина, на негова сметка.

Холандската полиција ќе соблекува млади кои носат облека „прескапа за нив“

Холандската полиција од Ротердам започна пилот програма во која планираат да конфискуваат скапа облека и накит од млади луѓе кои ќе им изгледаат премногу сиромашно за да го имаат тоа на себе. Ако „осомничените“ не докажат како купиле нешто што го носат, тоа ќе им биде конфискувано. Џамахирија на европски начин.

Политика за возрасни (+18)

На изборите за конгресмен од Менхетен, на пат да победи кандидатот на Демократската партија. Неговиот ривал, независниот кандидат Мајк Иткис, прибегна кон радикален потег за да го привлече  вниманието на гласачите: сними порно филм. Се молат локалните политичари да не помислуваат на истото, оти тие, уште порното ни го немаат огадено.

Ведрана Рудан: Да живее Џо Бајден!

Какви сме ние тоа кукавици со испрани мозоци. Наместо да дигнеме глас за мир ние купуваме јод. Јодот ќе нè спаси од Путин? Што ќе нè спаси од Америка, тоа е клучното прашање на нашиот опстанок.

Што и треба на Украина за да ја добие војната против Русија

Од 84-те руски ракети испукани кон Украина, според украинското министерство за одбрана, повеќе од половина се соборени. И по нивни бројки тоа пак остава над 40 ракети кои ја погодиле својата цел.

Фајзер врска немале дали вакцината спречува ширење на вирусот

Се сеќавате на муабетот дека дури и да не ти е гајле за своето здравје, одговорно е да се вакцинираш за да го спречиш ширењето на вирусот и така да ги заштитиш најмилите, особено старите? Сега од Фајзер признаваат дека пред да ја пуштат вакцината меѓу луѓе, воопшто не било тестирано дали таа спречува трансмисија на вирусот.

На Украина и заврши гага користењето на Старлинк?

Сака Пентагон, сака Украина да плати, ама Спејсикс веќе нема да го покрива трошокот за користење на Старлинк интернет сервисот во Украина и испораката на нови терминали, покажуваат документи испратени од Спејсикс до Пентагон.