Флорида го тужи Фајзер за ковид вакцините

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19. Бара да им се плати отштета на луѓето а компанијата да го врати профитот.

Главниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер, поднесе тужба против Фајзер и неговиот извршен директор, Алберт Бурла, обвинувајќи го фармацевтскиот гигант дека ги довел во заблуда потрошувачите во врска со безбедноста и ефикасноста на неговата вакцина против ковид-19.

Во тужбата, поднесена во државниот суд на Флорида, се наведува дека Фајзер им порачувал на потрошувачите дека вакцината е безбедна а не се потрудил да ги открие потенцијалните ризици, вклучително и воспаление на срцето и други несакани ефекти.

Се потсетува и дека Фајзер ги охрабруваше луѓето да ја примат вакцината за да ги заштитат другите и покрај тоа што немаа тестирано дали вакцината спречува пренесување на вирусот.

Според тужбата, Фајзер генерирал повеќе од 80 милијарди долари од продажба на вакцини и ја зголемил цената на вакцината од 30 долари по доза на помеѓу 110 и 130 долари.

Флорида го покрена случајот според својот закон за заштита на потрошувачите и бара граѓански казни од 10.000 долари по случај (или 15.000 долари кога им е наштетено на постари лица или лица со попреченост), како и враќање на профитот. 

Фајзер одговори дека обвинувањата се без основа, дека нивната вакцина против ковид била научно заснована а компанијата стои зад нејзината безбедност и ефикасност.

 

1 октомври 2026 - 22:34