Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

„Лекот“ на Трамп ги голта берзите

Доналд Трамп упорно тврди дека паничната продажба и падот на берзите од Њујорк до Токио се „горчливото апче“ што економијата мора да го проголта за да се стабилизира во систем што би бил поправичен за САД. На Американците им порача „Држете се!“. Инвеститорите не се убедени дека оваа шок-терапија ќе донесе благосостојба. Прогнозираат рецесија, повисока инфлација и невработеност.

Германија веќе не е најпожелна за азил во Европа

Неочекуван пресврт во топ листата земји на Европската Унија во поглед на барањето азил. Стандардниот повеќегодишен лидер веќе не е на првото место, откако бројот на барања во последните три месеци паднал за преку 40 проценти. Првите места на таа листа имаат десетици илјади апликации. Унгарија само 22.

Ако Ле Пен ја осудија на 4, колку години затвор заслужува Саркози?

Иконата на француската десница, Марин Ле Пен, минатиот понеделник беше осудена на пет години политичка забрана и четири години затвор, од кои две ќе ги мине со електронска алка на нога. Осудена беше за проневера на јавни средства со пресуда која како бомба одекна во Франција и за момент засени еден далеку посимптоматичен, хроничен случај за проневери. Ви текнува на Саркози и Гадафи?

Година на пресврти во Германија: На ред се мигрантите

Како „бомба“ во Германија одекна повикот од шефот на канцеларијата за миграција, кој побара целосна ревизија на системот за азил. Тој тврди дека системот не е одговорен ни за мигрантите ни за граѓаните. Пратеничката Серап Ѓулер додава дека гастарбајтерите од постарата генерација морале да работат напорно, а сега „толку многу луѓе добиваат многу без да се бара ништо од нив“.

Незапирлив подем на вештачката интелигенција

Вештачката интелигенција не е само најжешката технолошка приказна на деценијата - таа е веќе тука и незапирливо маршира. Тие што први ја прифатија ги оставаат зад себе колебливите. Новитетите како генеративните јазични модели го прошируваат полето за употреба. Прашањето сега е не е дали ВИ загрозува работни места, туку колку ефикасно може да се искористат нејзиниот потенцијал.

Царините на Трамп немаат никаква економска смисла

Економски експерти тешко може да направат историски паралели со потегот на Доналд Трамп за воведување тарифи на светот. Неговата стратегија на непредвидливост, која можеби има ефект на геополитичката сцена, може да се покаже деструктивна за економијата исто колку и тарифите зашто создава длабока неизвесност и ја изолира Америка на остров околу кој продолжува да тече трговијата.

Видео-игрите ја зголемуваат интелигенцијата на децата

Времето што децата го поминуваат играјќи на конзоли, компјутер или телефон не мора да е попусто потрошено. Ново истражување забележало зголемен коефициент на интелигенција кај децата што слободното време повеќе го трошеле на видео-игри. Поука за родителите: Не им дозволувајте на децата да зјапаат во телевизор или да киснат на социјалните мрежи.

Европа ќе ја сервира одмаздата ладна

Европската Унија најави дека ќе контрира на тарифите што ѝ ги наметна Доналд Трамп, но ќе го задржи здивот уште малку. Брисел купува време за да го калибрира внимателно одговорот – дали да ја активира „трговската базука“ насочена кон американските банки и технолошки гиганти, или да се реагира поблаго за да го омекне Трамп и да отвори простор за преговори.

Трамп ќе ја направи Кина „Great Again“

Најголемата жртва на нападот на Трамп врз слободната трговија веројатно ќе биде самата Америка, на која нема да ѝ биде лесно да ги обнови врските со пријателите што сега ги турка подалеку од себе. Трамп ѝ отвора простор на Кина да ја засили домашната потрошувачка и да отвори простор за поранешните американските партнери, кои мораат да ја надоместат изгубената продажба.

Германци си го бараат назад златото од Америка

Откако Трамп најави дека сака да ја преземе командата врз Форт Нокс и неговите трезори со злато, на  Германија ѝ текна дека потребна ѝ е директна контрола врз златното покритие за нејзините задолжувања. Конзервативци од Берлин побараа веднаш да се приберат златните резерви во Франкфурт, или барем да се избројат прачките една по една – околу 100.000.

ЦЕРН ќе судира честички на 90 километри

Водечкиот европски институт за јадрено истражување ја завршил повеќегодишната физибилити студија на својот амбициозен проект Future Circular Collider (FCC). Сегашниот кружен судирач е долг 30 километри. Следниот треба да е трипати подолг а во него протони ќе се маваат со десет пати поголема енергија од сегашната.

На Американците ќе им поскапат кафето, патиките и телефоните

Во очекување на „златната ера“ што им ја вети Трамп на Денот на ослободувањето, Американците ќе мора да се воздржат од купување странски производи или ќе ги плаќаат поскапо. Од кафе, чоколадо и до пиво, до автомобили и мобилни телефони. Ќе поскапат и играчките, па дури и ситниците од онлајн-каталозите на Тему, кои по 2 мај повеќе нема да бидат ослободени од царини и даноци.

Нас пак нè нема

Форбс ја објави својата листа на светски милијардери за 2025 година. Ги пронајде повеќе од 3.000. Тоа е најголемата и најбогатата класа на милијардери досега. Заедно на купче имаат вкупно 16.000 милијарди долари – минимум. Секој посебно во просек има по 5,3 милијарди. Повеќе од 100 милијарди долари имаат 15 луѓе, а дури 271 имаат над 10 милијарди.

Спрингстин објавува седум „изгубени“ албуми

За Брус Спрингстин се зборува дека има еден празен период во 90-тите години. Шефот решил да покаже дека цело време работел и никогаш немал празен период. За јуни се најавува комплет од седум албуми со 83 песни напишани од 1983 до 2018 година. „Tracks II: The Lost Albums“ ќе биде составен од песни кои тој со години си ги свирел за себе или за близок круг пријатели.

Трамп воведе тарифи за пусти острови со пингвини

Група пусти и ненаселени вулкански острови во близина на Антарктикот, кои се покриени со глечери и се дом единствено на пингвини, се опфатени во глобалната трговската војна на Доналд Трамп. Американскиот претседател ги удри со царина од 10 отсто. Австралискиот премиер прокоментира: „Никој на оваа планетата не е безбеден“.

Дали „Денот на ослободувањето“ ќе го трансформира светот?

Иронијата е што западниот естаблишмент ја критикува идејата американски претседател да ѝ нанесе груб удар на светската економија, а всушност го оплакува крајот на системот создаден од Никсон, кој предизвика уште погруб шок. Никсон ги роди милениците на денешниот либерален естаблишмент: неолиберализмот, финансијализацијата и глобализацијата.

Четбот почовечен од човекот

На стандарден Туринг тест специјален модел на ВИ во 73% од случаите ги убедил соговорниците дека е човек, а не машина. Заклучокот од овој импресивен резултат е дека Туринг повеќе не е тест за машините, туку за луѓето, кои ја ценат човечноста врз основа на рефлексии. Вештачката интелигенција не ја достигнала природната, но доволно е паметна да нè прелаже дека е човек.

Тарифите на Трамп го исполнија светот со гнев и песимизам

Реакциите на тарифите на Трамп се преполни со гнев, разочарување, најави за контрамерки и песимистички сценарија за општа трговска војна и глобална рецесија. Малкумина се охрабруваат да забележат дека царините се обид да се најде излез од распаднатиот меѓународен економски модел и од презадолженоста што неминовно водат во рецесија и депресија.

мРНК вакцините прават промени кои се поврзуваат со рак и леукемија

Вакцинирањето со мРНК вакцини предизвикува долготрајни промени во клучен дел од нашите хромозоми - промени кои претходно се поврзуваа со воспалителни и автоимуни болести и канцери, вклучувајќи леукемија и тумори на мозокот, пренесува Алекс Беренсон резултати од една рецензирана студија на германски истражувачи.

Збогум за глобализацијата, добредојде за рецесијата

„Кога Америка ќе кивне, целиот свет крева температура“, вели поговорката што го опишува сложеното преплетување на економиите по Втората светска војна. Со Денот на ослободување на Америка, Доналд Трамп става крај на ерата на глобализација и мошне веројатно ја турка глобалната економија во рецесија. Вол стрит упорно верува дека многу тарифи сепак ќе бидат „испеглани“.

Маск наскоро си заминува од Белата куќа

Добра вест за оние што не ги трпат сеприсутноста на Илон Маск во Белата куќа, неговото кратење на непотребните федерални трошоци и бирократијата и влијанието што го има врз претседателот Трамп. Милијардерот ќе си замине кога ќе му заврши мандатот, некаде при крајот на мај, тврдат извори на Политико. Трамп би го задржал, но Маск веќе објави: „Мојата мисија е речиси завршена“.

На учениците не им пречи настава без мобилни, туку наметнувањето забрани

Забраната на мобилните телефони во училиштата ниту посебно ги поправила ниту ги влошила резултатите на учениците. Децата сепак се револтирани, не поради тоа што останале половина ден без телефонот во рака, туку поради тоа што никој не разговарал со нив пред да им биде наметната строгата забрана. А, имале многу креативни предлози како иницијативата да биде успешна.

Бајден нè лажеше речиси за сè

Сега, кога војната се чини изгубена, а иднината на НАТО виси на конец, Тајмс објави текст од 13.000 зборови во кој се тврди дека и оние американски политичари кои го осудуваа Трамп за тоа што го зборуваше за Украина, дошле до заклучок дека таа битка требало да се напушти. 

Трамп ја обединува Азија против себе

Истата закана – тарифите што ги најави Доналд Трамп, ги притиска да се здружат трите водечки азиски економии, кои се традиционални противници. Јапонија балансира, Јужна Кореја е растргната од домашната криза, а Кина се најде во необична позиција во која до неодамна беа САД, да промовира слободна трговија и да има проблем со сопствените агресивни воени игри околу Тајван.