
Азиските берзи се во слободен како реакција на трговската војна што Доналд Трамп му ја објави на светот.
Јапонскиот референтен индекс Nikkei поврзан со акциите на 225-те највредни компании падна за 8,8% набрзо по отворањето на токиската берза. Поширокиот индекс Topix падна за 7,5%. Тајванскиот индекс Taiex падна за речиси 10%. поради падот на акциите на производителите на полупроводници.
Во петокот акциите на американските берзи изгубија повеќе од 5.400 милијарди од својата вредност. Инвеститорите се загрижени дека тарифите на Трамп водат кон инфлација, помала побарувачка, намалување на довербата и глобална рецесија. Се очекува надолниот тренд да продолжи кога попладнето ќе бидат отворени берзите на Вол стрит.
За претседателот Трамп тоа е очекувана реакција на потегот на кој бил принуден да ја направи за да ја спаси американската економија. Тој е убеден дека рецептот ќе има долгорочен позитивен ефект, наспроти колапсот на берзите каков што не се памети од времето на финансиската криза и ненадејниот удар на пандемијата на ковид-19.
Не сакам ништо да пропадне, но понекогаш треба да се напиете лек за да поправите нешто. Што ќе се случи со пазарите, не можам да ви кажам. Но, нашата земја е многу посилна, им рече Трамп на новинарите.
Инвеститорите се воздржуваат и поради неизвесноста што ја создаде Трамп. Царините повисоки од 10% ќе стапат на сила во среда. До тогаш е отворен простор за билатерални преговори за намалување или укинување на стапките.
Повеќе од 50 земји побарале преговори, а Трамп потврди дека разговарал со европски и азиски лидери, како и со индустријалци. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој денеска треба да се сретне со Трамп, изрази надеж дека ќе добие олеснување од тарифите од 17%.
Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба изјави дека ќе продолжи да бара намалување на тарифата од 24%. Европската Унија се закани со контрамерки, но инсистира да усогласи заеднички став. Единствено Кина веднаш и цврсто возврати со реципрочни царини од 34% за увоз на американски производи.
Претседателот Трамп инсистира дека не ја создал намерно кризата на берзите само за да ја засили својата преговарачка позиција со земјите на кои им воведе високи царини. Тој упорно тврди дека тарифите се единственото решение за економијата, иако тие ќе предизвикаат болка за американските потрошувачи.
„Држете се, нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски“, објави тој во саботата.
Економистите од банката ЏП Морган не го делат оптимизмот. Новите проценки се пад на американскиот БДП за 0,3% наместо раст од 1,3% и зголемување на стапката на невработеност на 5,3%.