Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Американците добиваат незгоден комшија

Додека очите на Вашингтон се свртени кон неговите потези околу Украина, Путин тивко но сигурно влегува во нивното најблиско соседство, масовно вооружувајќи сè што се наоѓа јужно од Рио Гранде.

Во потрага по следна а) љубов б) жртва

Сефер е еден 62 годишен Турчин кој се пријавил на емисија за наоѓање партнерки. Не можел да се пријави на она "Менувам жена" јер нема што да трампа. Како што призна среде емисија, тој својата жена ја убил. И уште една екс партнерка. Ама нема више.

Луѓето се ништо без лајкови

Психички едно од најпеколните искуства на социјалните мрежи е кога ќе објавиш нешто, и никој никако не реагира околу тоа. Лајк со коментар е едно од највозвишените чувства.

Како имаме пораснато?

Во изминатите 100 години луѓето во просек се пораснати за 10 сантиметри, и тоа најголемиот дел од извишувањето се случува на почетокот од 20-от век. Главна промена во овој период - значително подобрување на условите во кои растат децата.

Длабоко скриен расизам

Основите и однесувањето според кое може да се процени дали човек е расист се прилично јасни, не е јасно како толку малку луѓе се расисти кога и онака сме предодредени за тоа.

Штедливоста на мозокот и митот за објективноста

За луѓе што не сакаат многу да му ја мислат обично велиме „не сака да си го троши мозокот“. Хемиски, не може да биде поточно од ова. Од друга страна, живееме во култура што од нас постојано бара да бидеме објективни. А како што знаете од медиумски примери, тоа најлесно се постигнува ако сам се прогласиш за објективен, без разлика колку од тебе вришти пристрасност.

Новите бендови се фуфкаџии

Човекот се ближи на 50-тата година од животот и сè повеќе му пречи кога гледа како млади луѓе прават музика од тотално погрешни мотиви.

Решението за сè чека некој да го кликне

Можно е човек да го има најдено одговорот за сите светски проблеми, ама решил да го стави во ПДФ и да и го даде на Светската банка, па затоа уште сме заглавени на исто место. Како тоа?

Ослаби и помогни им на гладните

Германци го земаат американскиот концепт на "Сè што можеш да изедеш" и го претвораат во германска кампања "Сè што можеш да не изедеш," која вишокот храна им го донира на гладните.

Најголемиот маркетинг пишман

Она што требаше да биде создавање на 35 милијарди долари вредна маркетинг агенција, ќе заврши само како неуспешна идеја, откако Омником Груп и Публицис Груп решија да го прекинат процесот на спојување. И на двете компании им станало премногу комплицирано.

Од каде Исус на парче тост

Заедничкото за сонцето од Вергина на јајце од кокошка, лик на човек на Месечината или Богородица во шолја кафе, е тоа што секоја од овие работи може да постои само затоа што ти очекуваш да ги видиш.

Другата армија на Путин

На 22-ри април Путин им даде медали на 300-та луѓе. Две недели никој не знаеше кој и како се овие луѓе. Кога се откри списокот излезе дека секој од овие 300, без исклучок, се новинари.

Нема ништо на телевизија

Во време кога на располагање имаат рекордно голем број на канали за гледање, Американците не ни помислуваат да го зголемат купчето од програми кои всушност го гледаат.

Лајбах: Од медиумите бегаме во манастир

Кога биле во Кина, тоа им изгледало како наша иднина, иднина во која без конфликт ќе можат паралелно да постојат двата система, и капиталистичкиот и комунистичкиот. Недела дена подоцна, им се бегало од таму.

Историја на нули на Евровизија

Од воведувањето на сегашниот систем на гласање со делење од 1 до 12 поени, само 14 песни што се појавиле на Евровизија завршиле со вкупно 0 (нула) поени. Во овие 14, Норвешка учествува со 3, а Турција има 2. Ова не е така лесно како што изгледа.

Како функционира потрошувачки пост

Жена заглавила 23.000 долари и решила да се стави на строг потрошувачки пост. Кога видела дека постот дава резултати, се почастила со поблага варијанта, потрошувачка диета.

Виза, Мастеркард и кауцијата од речиси 4 милијарди долари

Затоа тоа што Виза и Мастеркард, како глобални системи за плаќање, се однесуваат доста локално и послушно секој пат кога САД ќе воведе санкции против некого, Русија одлучи со нив да почне да работи со оставање кауција.

Хотелски султанат среде Беверли Хилс

Ричард Бренсон, Џеј Лено и Елен ДеЏенерес се меѓу познатите лица кои се придружија на протестите околу легендарниот хотел во Беверли Хилс откако неговиот сопственик реши да воведе шеријатски правила во хотелот.

Како "си живеаа среќно до крајот на животот"

Бидејќи паровите обично раскажуваат како се запознале, а никој не збори за тоа што сè направиле за да останат заедно, еве како науката ги има разложено причините за долгорочна брачна кохабитација.

Лари Кинг: Јас не сум CNN

Иако признава дека често му недостасува старото работно место, легендата Лари Кинг вика дека му е многу драго што не морал да биде дел од екипата на CNN во неделите во кои главна приказна беше исчезнатиот малезијски авион.  

Украинската криза стигна и на Евровизија

Иако во минатото неколку претставници на Украина ја искористија Евровизија како платформа за анти-Руски слогани, годинава Украинците ќе одат со крајно љубовна песна. Русија подеднакво не сака да ја преплаши публиката, па прати две 17-годишни блондинки близначки со уште една љубовна балада

Моника Левински ја отвори душата за Клинтон

"Време е да се запали баретката и да се закопа синиот фустан," напиша Моника Левински во Ванити Феир во своето прво излагање околу аферата со поранешниот американски претседател. "Јас, лично, длабоко жалам за она што се случи меѓу мене и Претседателот Клинтон. Да ви повторам: Јас. Лично. Длабоко. Жалам."

Рекламирање базирано на тага

По години кога во маркетингот преовладуваат сите можни форми на комедија, одеднаш нешто се случува и истите тие што го превртуваа интернетот барајќи некоја нова реклама за да се здробат од смеење, се фаќаат самите себе како некоја реклама ги оставила сериозно емотивни. Почнува нова ера.

Кусогледоста и животот во затворено

На страна метафорите, медицински, кусогледоста е проблем што во некоја форма го имаат околу 1,6 милијарди луѓе (секој четврти) во светот. Со вакво темпо, до 2020-та ова ќе порасне до една третина од популацијата. Главна причина - се повеќе луѓе одат на училиште.