Ослаби и помогни им на гладните

Германци го земаат американскиот концепт на "Сè што можеш да изедеш" и го претвораат во германска кампања "Сè што можеш да не изедеш," која вишокот храна им го донира на гладните.

Целата идеја е крајно хигиенска и не се базира на собирање на остатоците од твојата чинија, туку ако во ресторанот се решиш за некој оброк што чини 10 евра, имаш опција да избереш помала порција од истиот оброк, а тоа пак да те чини 10 евра.

Идејата е на агенцијата Огилви и Матер, според кои од ова корист имаат сите инволвирани, и гостите (кои нема да се чувствуваат виновни за тоа што оставиле храна во чинијата), и ресторанот (кој ќе придонесува за добрата кауза).

Парите кои рестораните ќе ги заштедат по оваа основа се донираат во банката за храна Düsseldorfer Tafel, која работи со гладни и бездомници.

9 мај 2014 - 14:22