Медалите се по основа на "високо ниво на професионализам и објективност во нивното известување околу настаните во Кримската република." Една третина од одликуваните се новинари во руската државна телевизија.
Нивното достигнување е во тоа што на почетокот од кризата на Крим, во деновите по прогонот на Јанукович од Киев кога се уште немаше масовно движење за независност, тие успеаа да постигнат масовна психоза.
"Сите украински електронски медиуми беа исклучени. Секој ден, со недели, руските медиуми известуваат од Киев за она што тие го нарекуваа преземање на украинската влада од страна на фашисти. Како што жителите на Крим слушаа дека ултра-националистите од десничарските групи почнуваат да стануваат закана за нив, тие почнаа да се чувствуваат загрозени.
Не треба да се каже дека во исто време руските војници беа претставени како заштитници.
Едноставните пораки што гледачите ги добиваа на дневна база се исплатија. Кога руските војници ја заземаа базата во Симферопол и кога беше убиен украински војник во март, локалните граѓани известија дека инцидентот најверојатно е предизвикан од ултра-националистичките провокатори.
Тие не ни кажуваат дека виделе барем еден член на овие групи. Во исто време ќе чуеш дека 'Руските војници не би ни наштетиле,'" пишува германски Велт.
Истите медиуми неодамна започнаа нова кампања по трагедијата во Одеса кога над 40 луѓе загинаа во пожар во една зграда. Главна тема на извештаите од Одеса беше "геноцидот." Ова беше дополнето со пренесување на гласините дека зад целата работа стојат украинските тајни служби.
"Моќта на руските државни медиуми е значајна. Како да натераш милиони луѓе да навиваат за нешто како инвазијата на Крим, иако тоа најмногу ќе им донесе економски и политички проблеми, и негативно ќе влијае на квалитетот на нивниот живот? Руските медиуми имаат еден главен начин како да го постигнат тоа: со користење на митови и клишеа од советското минато.
Се повикува на советските митови дека Русите како 'нација на победници' сака само мир, ама мора да се бори кога ќе биде нападната," објаснува Јулија Смирнова за Велт.