
Феноменот се нарекува "пареидолија на лица," што значи дека кога луѓето очекуваат да видат некое лице, овие очекувања го активираат регионот во мозокот одговорен за обработка на лица.
Она што не е најјасно е невролошката основа за овој феномен. За да видат што точно се случува во мозокот додека ја правиме погрешната идентификација, научниците ставаат двасетина Кинези на магнетна резонанса, и им даваат да гледаат вакви фотки.
Откако се анализирани резултатите, заклучокот е дека ако ги подготвиш луѓето да бараат нешто што можат да идентификуваат меѓу неодредени форми, тогаш е веројатно дека ќе успееш да ги натераш да откријат некоја препознатлива слика.
Тие откриваат и дека регионот на мозокот кој е одговорен за препознавањето (ФФА), не се активира само како реакција на вистинско лице, туку и како реакција на очекувањата на човекот да види некакво лице.