Од 70-те години на минатиот век до средината на 2000-те, миопијата во САД има раст од околу 66%. Во истиов овој период расте бројот на години минати во формално образование и а "активности од блиску," како читање книги, користење компјутер, таблет уреди и смартфони, заземаат се поголем дел од денот. Проблемот е што сите овие активности му попречуваат на нормалното трепкање и ги оптоваруваат очите. (Јапонскиот град Карија забрани учениците да користат смартфони по 21 часот.)
"Претераното користење на рачни уреди како Ајпади и таблет компјутери од страна на вашите деца е посебно загрижувачко, бидејќи нивните очи се уште се развиваат и е многу поверојатно тоа да влијае на нив," го пренесува Атлантик истражувањето од Универзитетот на Калифорнија, Беркли.
Како спас од проблемот се препорачуваат стандардните 10-минутни паузи и оддалечување од бирото или компјутерот, ограничување на времето на малите деца пред компјутери или телевизор на околу 90 минути на ден и редовни прегледи кај офтамолог.
Од друга страна, истражувачите од Универзитетот на Сиднеј, сметаат дека користењето на дигитални уреди нема никаква врска со растот на проблемот со кусогледоста. Нивното објаснување е дека сето ова се должи на на времето минато во затворени простории, бидејќи е докажано дека надворешното светло има позитивен ефект на видот. Според нив, меѓу 10 и 14 часа неделно на надворешно светло е доволно за да се спречат спречи кусогледоста.