Приказната за Фермин од Барселона и баба му која му носи колачиња на трибини

Одличниот Фермин Лопез кој е права ѕвезда на Басрса, има убава традиција, после натпреварите во Андалузија да ја бара баба му по трибините со погледот, да пријде и да ја изгушка. Така беше и по натпреварот во Севиља каде Барселона победи 1-3, а Фермин ја гушкаше баба Лоли која живее во селото Ел Кампиљо близу Севиља.

Во септември имаше убави сцени по натпреварот Севиља - Барселона (1-3), а сега пак Фермин Лопез и баба му Лоло имаа средба во Андалузија каде Барса му гостуваше на Бетис и пак славеше убедливо после пресврт исто како и со Севиља минатиот месец.

Баба Лоло не дошла со празни раце: му донела торба со омилените колачи и кабаница за дожд, „за да не наврне и да не му студи“.

Му ги подарила колачите и го замолила да ѝ го даде дресот на девојчето кое стоело до неа. „Девојчево доаѓа од Уелва“, му рекла.

Веднаш после тоа девојката од клупскиот канал на Барселона го прашала Фермин: „Колку ти значи баба ти за тебе“? -Таа е многу важен дел од мојот живот и многу сум среќен што дојде тука за натпреварот, многу ја сакам и секогаш е со мене“, рекол Фермин Лопез. 

ФЕРМИН БИЛ ТАЖЕН КОГА ОТИШОЛ ВО АКАДЕМИЈАТА НА БАРСА, БАБА МУ ГО ПОДДРЖУВАЛА

Во Ел Кампиљо од каде што потекнува Фермин, од каде што е роден и каде живее неговото семејство, има околу 2.000 мештани. Селото се наоѓа на околу час возење од Севиља. Од тука Фермин на 13 години како голем талент отишол на проба во познатата „Ла Масиа“.

„Тоа беше мој сон, но навечер многу плачев“, се сеќава Фермин. Баба му исто го мислела: „Кога играше навечер, си мислев: Ох малечкиот мој, како ли му е таму сам, без нас?“.

Во дерството Фермин често го задевале другарчињата зошто бил слаб и малечок. „Кога бев мал тоа многу ме нервираше. Не играв како што сакав, малку излегував на терен а тренерите не ми веруваа. Татко ми секогаш ми викаше дека морам да работам повеќе од останатите“.

Баба му секогаш му викала да верува во себе и го сметала за посебен. „Многу го сакам, не само поради тоа што ми е внук! Него сите го сакаат тука и тој го знае тоа. За мене мојот мал внук е најубав. Затоа и тој дојде кај мене. Извинете но морам да кажам: сите внуци ми се убави“, рекла баба Лоли.

Во февруари Фермин и Лоли снимиле дури и реклама за чоколадата Милка и за шпанска Ла Лига. Таа е посветена на сите баби и дедовци кои им помагаат на своите внуци да пораснат и созреат.

„Од самото детство баба ми Лоли играше најважна улога на мојот фудбалски пат. Својот сон во добар дел успеав да го остварам благодарение на љубовта и нежноста со кои секогаш ме поддржуваше“, раскажа во една прилика Фермин Лопез, ѕвездата на Барселона, лидерот во шпанска Ла Лига.

БАБА МУ ПЛАЧЕЛА ПОРАДИ ПОВРЕДАТА НА ФЕРМИН ПРЕД СВЕТСКО

Фермин е многу поврзан со родниот крај. Во декември 2023-та тој за Onda Cero раскажал дека во Барселона му фали мирот на Ел Кампиљо и домашната готвена храна. А кога новинарот го прашал што барал од баба му да му спрема кога доаѓа за Божиќните празници, тој одговорил како од топ: „Леќата на баба ми!“

19 октомври 2026 - 11:24