Длабоко скриен расизам

Основите и однесувањето според кое може да се процени дали човек е расист се прилично јасни, не е јасно како толку малку луѓе се расисти кога и онака сме предодредени за тоа.

Луѓе по чие однесување (ниту вие, ниту они) не би помислиле дека се расисти, сведени на потсвест имаат подеднакво омраза како и кој било школски пример за расист. Уште поголем проблем е што ваквиот завиен расизам е речиси невозможно да се контролира.

За да се дојде до ова, правени се студии во кои на испитаниците им биле покажувани зборови за кои требало да ги категоризираат како позитивни (среќа) или негативни (страв). Пред да се појават зборовите, на екранот се покажувало лице, црно или бело. Резултатот е кога ќе се појави црно лице, луѓето биле побрзи во идентификување на некој збор како негативен.

Проблемот потекнува од нашата навика да ги категоризираме работите за да го поедноставиме светот околу нас. Во оваа категоризација, луѓето што не ги познаваме најчесто ги оценуваме по основа на нивната раса. Тоа што црнците завршуваат во фолдерот "негативно" е последица на општеството и културата што ја имаме создадено и во која живееме.

10 мај 2014 - 16:35