Светската банка неодамна изработи извештај кој покажа дека илјадници извештаи во врска со најразлични теми и политики, седат достапни на јавноста и непрочитани.
Анализата им била дали некој воопшто ги отвора извештаите што ги имаат на официјалната страна. Резултатите им се:
- една третина од сите пдф фајлови не биле кликнати ниту еднаш
- 40% се симнати помалку од 100 пати
- а само 13% од сите извештаи се симнати над 250 пати
Како што пишува Кристофер Инграм во Вашингтон Пост, ова не значи дека извештаите не се шират на поинаков начин (преку меил, на семинари и слично), како и тоа дека ова е проблем исклучиво само на Светската банка, туку дека секоја институција "треба сериозно да разгледа какви се статистиките од користењето на нивните ПДФ," и да го адаптира своето работење во согласност со потребите на публиката до која тие треба да стигнат.