Пред некоја година Ана Њуел заглавила класично - со картици, па кредитчиња па позајмици од луѓе.
Тазе омажена, решила да го пресече лошиот круг и да се стави на едногодишна финансиска диета.
Како функционира постот?
Трошењето се сведува на бандаж, односно само на она што мора да се купи. Во нејзиниот случај листата на неопходни работи вклучувала:
- кирија
- режијски трошоци
- мобилен телефон без интернет
- неопходни прехрамбени намирници
- месечна карта за јавен превоз
- здравствени трошоци
- ефтино членство во теретана
- бензин
- боја за коса.
И толку. Решила да елиминира сè останато и да проба така да живее една година. Нејзиниот сопруг, за кого вели дека е прилично разумен за пари и трошење, ја мразел идејата ама ѝ попуштил, оти нели, тазе. И Ана успеала за една година да врати поголем дел од долговите.
Таа себе се смета за природно надарен потрошувач и не била сигурна дали ќе успее.
"Секогаш ќе си најдеш оправдување дека нешто ти е неопходно да го купиш. Како трошаџика постојано ги имам тие импулси во себе. Но, ако успееш да му одолееш на искушението, се чувствуваш многу слободна."
По една година, решила малку да се олабав па наместо строг пост се ставила на потрошувачка диеата, која е поблага верзија на штедење. Концептот е ист, трошење единствено според утврдената листа на приоритети, само што човек месечно издвојува и мал џепарац за "небитни работи" (во нејзиниот случај 100 долари).
Со таквиот режим го исплатила и остатокот на долгот. И колку што знаеме, сè уште е во брак.