Лари Кинг: Јас не сум CNN

Иако признава дека често му недостасува старото работно место, легендата Лари Кинг вика дека му е многу драго што не морал да биде дел од екипата на CNN во неделите во кои главна приказна беше исчезнатиот малезијски авион.  

Иако до пред некој месец навестуваше дека е можно да се врати, легендарниот тв водител сега признава дека е среќен што го утнал периодот во кој топ тема на неговата матична куќа беше исчезнатиот  MH370.

Вели дека му недостасуваат големите приказни и големите кавери меѓутоа не на начин на кој тоа CNN го направи со овој случај, претворајќи една релевантна вест во комплетен апсурд.

Смешно е тоа што сето ова време, а минаа речиси цели 6 недели, единствената работа што ние гледачите ја дознавме е дека авионот свртел лево. Не знаеме ништо друго и целото тоа екстензивно покривање на сторијата не нè одведе никаде. Рејтинзите им беа добри, но за мене не е добра новинарска работа кога се водиш само по интересот на гледачите. Во истиот тој период имавме лизгање на земјиште во Вашингтон, несреќа со фериботот во Кореја, ја имавме Украина, скандал со Џенерал Моторс... А тие секогаш почнуваа со авионот.

Лари Кинг моментално води две онлајн емисии за ora.tv.

 

7 мај 2014 - 12:23