Причината е комбинација на спротиствени карактери, несогласување околу тоа како компаниите ќе бидат интегрирани и сите можни компликации што можеа да ги најдат правните тимови на двете компании.
Во време на прекинувањето на преговорите, по речиси една година од почетокот, односите меѓу Публицис и Омником уште беа на почеток, ниту ги имаа споделено договорите за сопствените клиенти, а тимовите што требаше да ја направат интеграцијата беа подеднакво дистанцирани како и на самиот почеток.
Луѓето кои се запонаени со целиот процес, објаснуваат дека главната вина е кај двајцата ЦЕО-а на компаниите, кои имале "судир на карактери" и на сакале да направат опстапки. Најголемиот судир е околу тоа кој кого купува. Во прво време Публицис е подготвен да дозволи да биде купен од Омником, ама потоа се предомислува затоа што Омником сака да го има и ЦЕО-то во новата компанија и финансискиот директор.
Забелешката на Публицис е дека во оваа форма Омником ќе биде далеку подоминантен, плус тие веруваат дека нивниот финансикaи модел е посилен и подобар за идната компанија.
И покрај целото време што го изгубија, и "пореметувањето" на работата на компаниите, ниту една од компаниите нема да плаќа пенали за прекинувањето на преговорите.