Во потрага по следна а) љубов б) жртва

Сефер е еден 62 годишен Турчин кој се пријавил на емисија за наоѓање партнерки. Не можел да се пријави на она "Менувам жена" јер нема што да трампа. Како што призна среде емисија, тој својата жена ја убил. И уште една екс партнерка. Ама нема више.

Сефер Џалинак се вбројува во оние луѓе кои немаат среќа во љубовта. Само што, многу помалку среќа имале оние кои тој ги сакал.

Се пријавил во емисија за наоѓање сродни души во која објасни како се нашол во ситуација на телевизија да бара жена.

Својата прва сопруга која ја венчал на само 17 години ја убил поради љубомора. Подоцна книжи уште едно убиство на жена со која бил во врска ама тоа  не го признава за намерно, бидејќи таа загинала некако откако тој фрлил секира во нејзин правец.

Бил осуден за двете убиства но одлежал само 4,5 години кога го начекала амнестија.

Откако се прибра од шокот, водителката го избрка од емисија:

 

12 мај 2014 - 13:13