Таг: тв емисија

Во Португалија очи ќе си извадат за фудбал

Мислевме дека на Италијанците и Грците им нема рамни кога треба да седнат и на “цивилизиран“ начин да дебатираат во спортска емисија. Тоа е затоа што не сме ги виделе Португалците. Дика ун, дика ун, дика ун. Зајде човекот.

10 најубави забивања по избор на Шекил

Шекил О'Нил веќе некое време работи како аналитичар на НБА случувањата во емисијата Inside the NBA на каналот ТНТ, каде повеќе прави циркуз отколку што се занимава со анализи. Еве го неговиот избор за ТОП 10 забивања на неделата.

Ново шоу на Мамињо

Навивачите на Динамо со години го бојкотираат клубот и бараат оставки, но Здравко Мамиќ има порака за нив со песната Не може нам нико ништа.

Во потрага по следна а) љубов б) жртва

Сефер е еден 62 годишен Турчин кој се пријавил на емисија за наоѓање партнерки. Не можел да се пријави на она "Менувам жена" јер нема што да трампа. Како што призна среде емисија, тој својата жена ја убил. И уште една екс партнерка. Ама нема више.

Креационизам, машала

Замислете бланширани и прсати девојки, седат пред вриштечки ориентален тапет и преку "идиот", на лош германски го пердашат Дарвин и целата таа лага со еволуцијата. Што има да замислувате, ела да ги гледаме.