Се работи за серија емисии на турската сателитската станица А9 ТВ (A9? Хмм...) наречена "Разговори за креационизмот" која оди на турски, германски, англиски, француски и руски јазик а е еден прилично бурлескен обид се искористи хидрогенски сексипил во име на фундаментални верски убедувања.
Четирите кокони седат пред тапет од чајџилница и од телепромптер (идиот) ги читаат "своите" мисли за заблудите на еволуционистите.
Домаќинка на емисијата им е Мерве (јак розев кармин, жолта шминка) која ќе им нафрли топка:
"Знаеме дека постојат луѓе на светов кои викаат дека сиот живот на планетава, вселената, ѕвездите, планините, рибите, инсектите... настанале туку така!"
На ова, колешките возвраќаат со жесток удар кон " лажливите дарвинисти" чии измами, ако даде Господ (иншала), ќе бидат брзо разоткриени.
Притоа, Дидем е најјака па ќе го каже/прочита ова:
"Секој кој на оваа тема ѝ пристапил разумно и свесно без да дозволи да биде манипулиран од претходно утврдени мислења, промптно ќе сфати дека луѓето и другите живи суштества не можат да бидат резултат на чиста коинциденција".
Потоа следуваат докази за овие тврдења во форма на цитати од Коранот а нашиот фаворит Гулсах (погодете која) ќе каже:
"Дури и дарвинистите полека сфаќаат дека нивната теорија е една голема измама."
Оваа серија емисии е пандан на неколку популарни американски емисии од сличен ков. Таму креационистите имаат неверојатно голема поддршка (по некои истражувања и до 46 проценти од популацијата). "Луѓето и диносаурусите живееле заедно а и ден денес сигурно има некој жив диносаурус," авторитетно тврдеше еден од креационистичките шамани на американска почва, Кент Ховинд, кој моментално лежи робија за парични измами.
Инаку, основач и директор на сателитската А9 телевизија и самиот е еден живописен лик по име Аднан Октар од Анкара, кој претходно има пишувано книги под псевдоним а кога ќе се појави на телевизија, водителките обично го претставуваат како "прекрасен шеф и султан".
Господинот Октар изгледа вака: