Шоуто на Мамиќ почнува од 1.34:
Претседателот на Динамо Загреб во емисијата зборуваше и за македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
„Нико Ковач многу ме разочара. Ги игнорира сите, и Сојузот и луѓето во него и клубовите. Мојот брат е кум на неговото дете, но откако дојде во Хрватска, јасно покажа одбивност кон семејството. Плус, избрка едно толку добро момче и одличен фудбалер како Адеми да игра за Македонија, а ние таков играч немаме во Хрватска. Нико повеќе ја нема мојата поддршка, не ми е повеќе пријател, затоа што ми се јавува само кога му треба помош. Јас сум најзаслужен што остана селектор, јас го спасив кога цела Хрватска беше против него, кога разочара на СП во Бразил. Тогаш застанав зад него, но повеќе нема да го правам тоа", кажа Мамиќ во емисијата..