Комплетната приказна ќе излезе во новиот број на магазинот, а до тогаш ги имаме овие извадоци:
Расчистување на воздухот
Објаснувајќи дека нејзината афера со Клинтон била работа меѓу двајца согласни возрасни луѓе, таа пишува дека јавното понижување што го доживеала во време на скандалот трајно го менува правецот на нејзиниот живот: "Секако, мојот шеф ме искористи, ама секогаш ќе останам на ставот дека: тоа беше консензуална врска. Сите 'злоупотреби' следуваа потоа, кога јас бев направена жртвено јагне за да се заштити неговата моќна позиција..."
Барање работа
Левински пишува дека по скандалот: "одбивав понуди кои можеа слободно да ми донесат повеќе од 10 милиони долари, само затоа што не чувствував дека треба тоа да го направам." Низ годините од скандалот таа се сели во Лондон, Лос Анџелес, Њујорк и Портланд. Секаде каде што оди на интервју на работа (претежно добротворни организации), одбиена е заради нејзината "историја," или пак таа ја одбива работата затоа што би била ангажирана заради погрешни причини: "Секако, твојата работа би барала да посетуваш некои од настаните што ги организираме. И секако, ова би биле настани на кои ќе биде присутен и печатот."
Зошто излегува со својата приказна
Кога во 2010-та еден 18-годишен бруцош изврши самоубиство заради тоа што тајно беше снимен како бакнува друг маж, Левински е целата во солзи, меѓутоа за мајка и ова посебно трауматичен период: "Таа повторно ја преживуваше 1998-ма, кога не ме испушташе од поглед. Таа си ги повторуваше сите оние недели додека седеше покрај мојот кревет, вечер за вечер, бидејќи јас, исто така, бев суицидална. Срамот, презирот, и стравот што беа фрлени кон нејзината ќерка ја оставија преплашена дека ќе си го одземам животот - страв дека буквално ќе бидам засрамена до смрт." Левински појаснува дека никогаш не се обидела да изврши самоубиство.