Трент Резнор

Новите бендови се фуфкаџии

Човекот се ближи на 50-тата година од животот и сè повеќе му пречи кога гледа како млади луѓе прават музика од тотално погрешни мотиви.

Креативниот лидер на Nine Inch Nails оценува дека во денешната музика се има вовлечено многу конзервативен дух.

"Имам чувство дека на многу днешни бендови им е најбитно да добијат добра рецензија на некој хипстерски блог, а тоа е најбезбедната и најкукавичката работа што можеш да ја направиш како уметник. Ако имаш нешто да кажеш - кажи го. Изрази се и скрши некое правило," изјави 48 годишниот Резнор во интервју.

Вели дека тоа го зборува како човек кој доаѓа во години во кои се претвора во онаков против какви бил на помлади години. Вели дека би било ужасно да се резимира дека половина живот си поминал како кловн, преправајќи се во друг човек.

Според него, креативниот потенцијал најмногу страда кога човек се наоѓа во комфорната зона. Токму затоа и се решил паралелно со матичниот бенд да ја основа и групата How to Destroy Angels.

"Со NIN сè беше како што треба. Функциониравме како подмачкани но постојано ми се зголемуваше листата на работи кои сакам да ги правам а не успевам зашто сум нон-стоп на турнеи со бендот", објаснува Резнор.

10 мај 2014 - 09:59