Последната анализа на Нилсен открива дека моментално просекот е околу 189 канали по домаќинство, што е скок од околу 60 канали во споредба со просекот од 2008-ма.
И покрај тоа што во овој период имаат речиси 50% повеќе програми на располагање, бројот на канали што Американците ги гледаат пораснал од 17,2 (во 2008-ма) на 17,5 (во 2013-та).
"Овие податоци се значајни затоа што го потврдуваат мислењето дека повеќе содржина не е еднаква на консумација на повеќе канали. Ова значи дека квалитетот е императив, и за креаторите на содржина и за огласувачите. Значи, најдобар начин за да стигнеш до потрошувачите во свет со илјадници опции е да бидеш најдобрата опција," стои во извештајот на Нилсен.