Очекуваната доза на фидбек од "твоите" луѓе се околу 10 лајкови на некој твој статус, и во основа главната причина зошто луѓето постираат нешто "не е затоа што сакаат да информираат, туку затоа што се надеваат дека некој ќе им понуди љубов."
Австралиски научници седнуваат две групи на Фејсбук и правата два експерименти со нив.
Во првиот, едната група смее да постира што сака, а втората смее само да чита, без притоа да има каква било интеракција (постирање, лајкување, коментирање...). На крај, овие вторите признале дека биле доведени во состојба повеќе да не се сакаат самите себе.
Во втората анализа, на двете групи им било дозволено што сакаат да прават на Фејсбук. Пресвртот е што втората група, не знае дека компјутерите им се наместени да не им покажуваат никакви коментари или лајкови на нивните постови. Резултат - втората група се чувствувала како да е "невидлива," исклучена и помалку важна отколку оние кои добивале фидбек од нивните пријатели.
"Ова е убавината што креаторите на Фејсбук оригинално не ја разбрале ама сега на големо ќаруваат од неа.
Кога еднаш си го добил твоето место во виртуелниот круг, ти мораш постојано да учествуваш, стравувајќи дека да не го изгубиш.
Ти мора да продолжиш да го лајкуваш секој пост на твојот партнер. Мора да го држиш активен твојот профил и да растат твоите бројки.
Во спротивно ќе бидеш прогонет, а никој не го сака тоа," пишува Крис Матисзцик за Цнет.