Вести

Закерберг искешира 18 милијарди долари

Одлуката на Мета да се согласи на спогодба вредна 18 милијарди долари ги изненади и правните експерти и технолошката индустрија. Се очекуваше долга судска конфронтација меѓу 29 американски федерални држави и еден од најмоќните технолошки гиганти во светот, но Закерберг реши да се фати за џеб, само неколку дена пред да треба да сведочи.

Дата центрите заслужено наидуваат на отпор

Само два најавени центри за податоци во Велика Британија, во атмосферата ќе испуштаат повеќе емисии јаглерод диоксид отколку ЕксонМобил и нивните фосилни горива. На ред за приклучување во мрежата чекаат 315 центри но нема струја која ќе може да ги задоволи бидејќи бараат дупло повеќе од целата зимска потрошувачка на Велика Британија. И во Америка луѓето се против. 

Кога не можеш по Кина, ќе удриш по Канада

Стратегијата е вештина на избирање приоритети, но Трамп изгледа како тоа да го прави со фрлање петка-глава. Кинезите доминираат во светското производство, лидери се во електроника и автомобилска индустрија, ги држат ретките минерали... ама Трамп реши да се скара со Канада. Oколу иверката. А и кај иверката, доминира  - Кина. 

Речник

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Националниот долг на САД надмина рекордни 40 билиони долари. Ова е дно во историјата на фискалното здравје на државата. Должничкиот товар на Америка расте побрзо од проценките пред само неколку години. Но, можеби ќе решат да го враќаат со по една милијарда секој ден. Ако е така, еден век ќе им биде малку.  

Американци се мислат дали да продолжат да јадат марула

Еден бауч кружи над Соединетите Американски Држави. Баучот на експлозивната дијареа. Се работи за епидемија со рекордни размери кои сè уште не се прецизно дефинирани но виновникот е циклопора, паразит што се шири преку човечки измет а на трпезата најчесто стигнува преку зелената салата. А кога ќе се види нејзиниот состав, испаѓа дека таа главно е средство да се префрли вода, од нива до маса.

Мосад сам себе си го убил имиџот

Иако продолжува со реториката за потребата од создавање услови за пад на Исламската Република, во момент на ретка скромност Бенјамин Нетанјаху призна дека тоа „нема да се случи во еден ден“. Неговиот највреден адут, таинствениот Мосад кој досега важеше за семоќен, утна толку со Иран што ниедно предвидување на агенцијата не се оствари.  

Морална економија на долгот

Секој економски крах со себе повлекува и барање за отпис на долговите. Приходите со чија помош требаше да ги вратите кредитите, исчезнаа, додека имотот ставен под залог изгуби вредност. Доверителите го бараат своето, должниците бараат помош.

Како да лажеш народ (колеги) со табели

За тие што го имаат надминато основното лажење со бројки и лоши контексти на анкетите, статистиката нуди пристап до повисок степен на заблуда - визуелно прикажување на бројките.

Зошто Русите секогаш се негативци?

Без разлика од кога гледате холивудски филмови, јасно ви е дека штом се појави Русин, речиси е фикс дека тој ќе биде негативец. Истото им е јасно и на Русите, и ова не им се допаѓа. (Нормално, затоа што се негативци и сакаат сè да расипат.)

Зошто не ги убијат командантите на ИСИС?

Американците до сега имаат извршено 800 воздушни напади против ИСИС, во кои имаат уништено сè од командни центри, до рафинерии, оклопни возила, бункери и ниту еден убиен водач на терористичката организација.

Психологијата на тоа да немаш појма

Проблемот со незнаењето е што, кога си е твое, некако се приврзуваш како кон другарче и разделбата со него ти паѓа тешко. Тоа што на другите им е јасно дека си идиот не те спречува да си тврдоглаво доследен. Џими Кимел и неколку психолози имаат нешто да кажат на оваа тема.

Спинот е мртов

Како уметност, спинот комплетно е издишан, претерано искористен и мртов. Тој е пародија на самиот себе. Евтина комедија. Кич. Со години како што двете страни се оддалечуваат и се повеќе влечат на своја страна, така и целата пракса се движи кон спинсурдност (спин + апсурдност), пишува магазинот Политико по општите избори во САД.

Човекот кој го уби Осама бин Ладен

Има извршено над 400 борбени мисии, убиено над 30 мети и еден од најодликуваните членови на СЕАЛ на сите времиња, се вика Роб О'Нил и е човекот што во Аботобад со три истрели во чело го елиминираше лидерот на ал Каеда, објавува Дејли Меил.

Часовникот што ќе го промени времето какво што го познаваме

Часовникот треба да е точен за на луѓето да им создава некаков ред во бескрајот. Новиот часовник е брутално точен, но, ако победи, ете ни хаос.

Парите од музиката, како парите од тутунот

"Wake me up!" од Авичи на Пандора во САД е стримувана над 168 милиони пати. Од овие 168 милиони пуштања, заработени се 12.359 долари, кои треба да ги поделат продуцентската куќа и 3 текстописци.

Што те прави несреќен на работа?

Од тоа што се чувствуваат несреќни на работа, незадоволните работници ја чинат американската економија околу 350 милијарди долари годишно во изгубена продуктивност. За овие пари сите се обидуваат да го решат проблемот.

Германски тв кошмар за холивудските фаци

Додека некои од нас сè уште не можат да ја од-видат Неда Украден со фаца и говор на телото на Рамштајн од „Твоето лице ми звучи познато", во други контексти дефиницијата на „бизарно" во телевизиските шоуа е за неколку нивоа повисоко. На Германците на пример не им е доволно некој да е маскиран во Тома Здравковиќ, туку треба и да крши ореви со гз.

Хербалајф со додаток на пирамидална шема

Мултилевел маркетинг компанијата (која регрутира луѓе од кои и на Јеховини сведоци им се смачува) се согласи да исплати 15 милиони долари за вон-судско решавање на тужбата дека функционира како пирамидална шема.

Генерал Вељко Кадијевиќ (1925-2014)

Последниот министер за одбрана на СФРЈ и началник на генералштабот на ЈНА од 1988-ма до 1992-ра, во неделата почина во Москва.

Кристофер Нолан нема меил

Има тој електронска адреса на која луѓе му пишуваат, ама, не ја користи. Помошникот му ги принта важните меилови па овој ги чита од хартија. И ред други работи.

Што има во вакцина за грип

Грубо, на декларацијата би биле наведени јајца од кокошка, свинско, хемија, грип и уште нешто ситно.

Информирање за рекламирање

10 + 1 интересни работи што денес се случуваат во адвертајзинг светот (и кај нас) а не е лошо да се знаат.

Уметноста на неработење на работа

Пред 2 години Германец, инаку градски административец во Менден, на денот на пензионирањето напиша порака за збогување со колегите поздравувајќи ги дека последните 14 години нема ништо сработено. Кога се расчу за ова, човекот во Билд се правдаше дека сите погрешно го сфатиле неговото неработење. На случајот потсетува авторот на книгата "Празен труд."

Народе македонски, со какви сексуални фантазии си ти?

Да ви понудиме неколку странски статистички податоци за тоа кои се најомилените и најретките сексуални фантазии кај мажите и кај жените. Табелите може да ви откријат две работи. 1) Да споредите колку вашите фантазии ги имаат други луѓе. 2) Да сфатите дека и мажите и жените лажат отприлика исто.

Кога експертите лажат најубедливо?

Испаѓа дека најефикасна би била следнава комбинација: Случаен минувач да каже дека е одушевен од некоја најнова владина мерка а пригоден експерт подоцна да прокоментира: Да, но не сум 100 посто сигурен во тоа.

Ако мислиш дека си гениј, веројатно си луд

Запрашан зошто верува дека вонземјани го регрутирале за да ја спаси Земјата, добитникот на Нобелова награда, математичар и шизофреник, Џон Неш, одговорил "Затоа што мислите за натприродните суштества ми дојдоа на ист начин на кој ми дојдоа и математичките мисли. Па ги сфатив сериозно."

Дебелокошци версус црвенокошци

Речиси една деценија трае спорот меѓу  Индијанците и рагби клубот Редксинс од Вашингтон бидејќи првиве го сметаат името на клубот за навредливо. Пазете која е моменталната правна ситуација: Клубот може да ги тужи Индијанците.

100 години долг

Прва масовна и заради одредени одлуки една од најскапите војни (Германија да им плаќа репарација на победниците), во 2014-та, 100 години по почетокот, Британија уште го отплаќа својот долг од учеството во Првата светска војна.

Медицината успеа да создаде главоболка

Дански медицинари успеале намерно да предивикаат мигрена кај 86 проценти од своите пробни пациенти. Живи среќни.

Зборовите значат

Зборовите значат. Посебно во Иран каде она што е дозволено - да кажеш, да направиш, да бидеш виден дека го кажуваш или го правиш - е работа која постојано се менува.