Уште во 2006-та, група американски домородци поднесува тужба против името на вашингтонскиот рагби клуб по која заводот за патенти донесува одлука за поништување на името.
Но, Редскинс од тогаш започнуваат долга судска офанзива, обжалувајќи ја ваквата одлука пред дури пет американски судови.
Во последната фаза, спорот дојде до федералните судии кои го одбија барањето за поништување на контра тужбата на Редскинс. Практично, со тоа е отворен патот клубот да продолжи да ги тужи Индијанците што им се мешаат во името.
А името е широко препознато како навредливо, и тоа го имаат кажано и Барак Обама и Џон Меккејн.
Правната логика на која се повикуваат Редкинс е дека тие тоа име го одбрале во 1967-ма година, кога во општествениот живот не се сметало за навредливо.
Иако не може да се меша во правните спорови, националната фудбалска федерација најави дека спорното име на клубот можеби ќе биде забрането за користење за време на телевизиските преноси на натпреварите.