Мигрената е досега нерешлива енигма за медицината. Повеќе од 10 проценти од светското население страда од оваа специфична главоболка а науката досега не успеала да открие што ја предизвикува и по што таа се разликува од обичната главоболка.
Данските научници пробале што поуспешно да им предизвикаат мигрена на своите експериментални пациенти, користејќи различни механизми кои би можеле да ја создадат.
Логиката е болна но научно оправдана: колку поуспешно создаваат мигрена, толку поверојатно е дека тоа е механизмот кој стои зад неа. А штом се разбере механизмот кој ја предизвикува, полесно е да се бара лек за неа.
Во нивниот случај, 86-те проценти намерно предизвикана мигрена се должат на зголемено присуство на cAMP. важен гласник за пренесување информации низ организмот. На пример, клучен е за зголемување на крвните садови кога е неопходно да се засили протокот на крв низ нив.