Како да лажеш народ (колеги) со табели

За тие што го имаат надминато основното лажење со бројки и лоши контексти на анкетите, статистиката нуди пристап до повисок степен на заблуда - визуелно прикажување на бројките.


Перспектива

На двете пити се покажани истите бројки и на двете ставката "Labor" зафаќа 30% од вкупната бројка. Проблемот со перцепцијата е заради 3Д работ, кој во втората верзија за два пати го зголемува бројот на темно сини пиксели, отколку кога 30-те проценти се прикажани во позадина.
Плус, луѓето не се толку добри во интерпретирање на третата димензија, и кај табелава автоматски претпоставуваме дека повеќе боја значи и поголема сума.

Облици
Една од измамите е користење нерелевантни информации. Повторно, не во бројките од статистиката, туку во начинот како се прикажуваат. Така, во приказот со конусот единствена важна информација е неговата висина, меѓутоа ширината иако е нерелевантна информација, таа е многу тешко да се игнорира.

И во двата случаи на административните трошоци отпаѓа околу една третина од секој долар. Ова јасно се гледа на табелата од лево, ама на десната изгледаат значително помалку од една третина.

Трендови
Кога две линии се појавуваат во една табела и изгледаат слично една на друга, луѓето имаат тенденција да претпоставуваат дека тие две се поврзани. Црвената линија ја покажува стапката на самоубиства, додека зелената го прикажува трошењето на наука и технологија. Две неповрзани теми на прва, ама и покрај тоа човек ќе се обиде да најде корелација меѓу нив.

 

Криење во гужва
Ако не сакаш некој да забележи нешто, тогаш гледај да го прикажеше заедно со други статистики, по потреба поголеми или помали од него.

Драга, ја смалив табелата
На прв поглед, левата табела прикажува генерално стабилна ситуација со прифатливи промени. Истите овие податоци зумирани, даваат апокалиптична слика за истата ситуација.

7 ноември 2014 - 12:20